Свет
Тензиите растат: на Русите ќе им биде исклучен интернетот, не смеат да излегуваат од дома!

Додека од терен пристигнуваат спротивставени информации за напредувањето на Вагнерците и судирите со руската армија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот на Русија е во неговиот кабинет и работи.
Во градот Липецк, кој се наоѓа на нешто повеќе од 400 километри од главниот град, на патот од Воронеж кон Москва, граѓаните добија порака да не ги напуштаат своите домови.
„Од безбедносни причини, се замолуваат жителите на регионот Липецк да не ги напуштаат своите домови без итна потреба. Во моментов, сите власти и агенциите за спроведување на законот работат во засилен режим. Со цел да се обезбеди мир и безбедност на граѓаните на регионот Липецк, оперативниот штаб на регионот бара од жителите да не ги напуштаат своите домови без итен треба и воздржете се од какви било лични или јавни патувања со превоз“, соопштија од централата на регионот Липецк.
Некои светски медиуми ја објавија информацијата дека цел на руската армија била конвој возила во кој биле припадници на Вагнер. Нападот наводно се случил на автопатот М-4, во близина на градот Воронеж.
Руските власти најавија дека е можно да се прекинат интернет-врските на териториите каде се спроведуваат антитерористички мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански функционер за „Си-ен-ен“: На Израел му претстои мрачна ноќ

На Израел му претстои мрачна ноќ, изјави висок ирански функционер за „Си-Ен-Ен“ додека двете земји денес разменуваат удари.
Официјалниот претставник тврди дека Иран веќе пресретнал и соборил неколку израелски летала и неутрализирал значителен број израелски ракети и дронови.
„Операциите на вооружените сили на Иран против позициите на ционистичкиот режим ќе продолжат, а на овој режим му претстои мрач ноќ“, рекол функционерот.
🚨🚨 Downtown Tel Aviv right now.
MASSIVE explosions.
Watch til the end. pic.twitter.com/R2A4aO07n7
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) June 13, 2025
Свет
(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив.
Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на неговата разорна одмазда за израелските напади.
NOW: Iranian ballistic missiles hit targets in Israel. pic.twitter.com/RnYKqaWRVB
— Clash Report (@clashreport) June 13, 2025
Iranian missile's direct hit on Tel Aviv. pic.twitter.com/hHd93j95Ee
— Clash Report (@clashreport) June 13, 2025
https://x.com/i/status/1933592180184006762
Israel is under attack right now.!
Dozens of ballistic missiles are being launched from Iran toward Israel at this very moment. This footage was just taken, showing missiles fired toward Tel Aviv—a major population center in the Jewish homeland. Jerusalem may also be targeted.… pic.twitter.com/Ts3JChPwj1
— Greg Laurie (@greglaurie) June 13, 2025
Свет
Путин го осуди израелскиот напад врз Иран

Рускиот претседател, Владимир Путин, во одвоени телефонски разговори му рекол на иранскиот претседател дека Москва ги осудува акциите на Израел против Техеран и му рекол на израелскиот премиер дека прашањата поврзани со иранската нуклеарна програма може да се решат само дипломатски.
Во соопштението за печатот на Кремљ се наведува дека Путин му рекол на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дека Русија „ги осудува акциите на Израел кои ја прекршуваат Повелбата на Обединетите нации“ и изразил сочувство за загинатите.
Се известува дека Путин во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја истакнал важноста од враќање на преговарачкиот процес и решавање на сите прашања поврзани со иранската нуклеарна програма преку политички и дипломатски средства“.
Во соопштението на Кремљ се наведува дека Русија останува во близок контакт со Иран и Израел.