Спорт
Мохамед Салах потпиша во Саудиска Арабија
Многу фудбалери тргнаа по стапките на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија, меѓу нив се и Н’Голо Канте и Рубен Невеш, а доаѓа и Мохамед Салах.
Не, тоа не е познатиот играч на Ливерпул, туку млад 22-годишен лев бек.
Поранешниот играч на Флуминенсе и Гремио, Едсон, кој игра за овој клуб, изјави дека мислел дека се работи за играчот на Ливерпул.
„Момци, мислев дека Салах е од Ливерпул. Излезе дека не е, а јас навистина се понадевав…“, рече тој.
„Вистинскиот“ Салах сѐ уште ќе го гледаме во дресот на Ливерпул.
مرحـبا بالعـدلاوي الجـديد
لاعـب الظهــــــير الأيـســـر🟥محـــمد صـلاح 🟦
🎗️#العدالة pic.twitter.com/5IMDpgIubr
— نـادي الــعـدالـة السعودي (@aladalahclub) June 18, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лука Дончиќ трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс
Неочекувано, во текот на ноќта по средноевропско време во НБА лигата се случи вистински „земјотрес“. Лука Дончиќ е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс. Далас Маваерикс во овој трејд го добија Ентони Дејвис.
НБА лигата е во шок по трејдот на три тима, покрај Лејкерси и Маверикс, во размената учествуваше и Јјта Џез.
Операвијата била водена во тајност, никој од играчите не знаел што се случува до последен момент. Лука Дончиќ бил шокиран кога дознал дека се сели во Лејкерси, а во шок бил и Леброн Џејмс, првата ѕвезда на „езерџиите“. Тој веста ја дознал во еден ресторан во Њујорк.
Во трејдот со три тима, тимот од Лос Анџелес ги доби и Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Макс Кристи од Лејкерси заедно со Дејвис завршија во Далас.
Лејкерси му ги дадоа и правата на Далас на првиот пик на драфтот во 2029 година.
Пејмејкерот на Лејкерс, Џејлен Худ-Шифино, исто така беше дел од овој навистина неочекуван трејд, тој се пресели во Јута, која доби пик од втората рунда на драфтот од Далас.
„Верувам дека дефанзивата освојува титули“, беше првата реакција, или подобро кажано, објаснувањето на трампата Дончиќ-Дејвис од генералниот директор на Далас, Ник Харисон.
„Верувам дека со дефанзивен центар и комплетен играч како Дејвис имаме поголеми шанси да ја освоиме титулата. Собравме тим за победа сега и во иднина“, вели Харисон.
Според ESPN, Далас ја иницирал трампата, на која претставниците на трите франшизи работеле во последните денови.
Генералниот директор на Далас, Харисон и Роб Пелинка, потпретседател за кошаркарски операции и генерален менаџер на Лејкерс, се долгогодишни познаници. Нивното пријателство датира од времето кога Харисон беше маркетинг менаџер на Коби Брајант во Најк, а Пелинка беше менаџер на Брајант.
Спорт
(Видео) Имамов брутално го нокаутира Адесања
Во Ријад се одржа нов спектакл на УФЦ, а борбата на вечерта беше меѓу Израел Адесња и предизвикувачот Насурдин Имамов.
Публиката уживаше во борбата и во нокаутот на Имамов, кој со серија удари го фрли на подот славниот Адесања.
На средината од втората рунда, францускиот борец со силен удар го погоди во брадата својот противник, а потоа продолжи да го удира и судијата немал друг избор освен да ја прекине борбата.
NASSOURDINE IMAVOV GETS THE BIGGEST KO OF HIS CAREER pic.twitter.com/5ncZW5qPdG
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) February 1, 2025
Спорт
(Видео) Шок во Барселона, Еспањол на колена го фрли Реал
Фудбалерите на Еспањол, приредија вистинско изненадување, го совладаа Реал Мадрид со 1:0 (0:0) во 22. коло на шпанската Ла Лига.
Вечерва ништо не му одеше во корист на „кралскиот клуб“, а според многумина на овој натпревар ја немаа наклоноста на судиите.
Избраниците на Карло Анчелоти двапати ја погодија рамката на голот, Килијан Мбапе во првиот дел и Родриго во вториот дел. Блескаше и голманот на Еспањол со неколку извонредни интервенции.
Во 20.минута беше поништен голот на Винисиус поради прекршокот што гонаправи Мбапе.
Ситуацијата на која замерка имаат навивачите на Реал се случи во 61. минута. Тогаш Карлос Ромеро страртуваше врз Мбапе во обид да прекина контра на Реал. Судијата Руиз покажа жолт картон, а и ВАР собата не се огласи.
Romero received a yellow card for this tackle on Mbappé. pic.twitter.com/qmXZ8nZe3T
— ESPN FC (@ESPNFC) February 1, 2025
Ромеро остана на теренот и потоа го реши натпреварот, во 85. минута.
Фудбалерите на Еспањол изведоа феноменален контранапад, откако се одбранија по корнерот на противникот.
Топката убаво се движеше на крајот Омар Ел Хилали нафрли на далечната статива за за Ромеро, кој со левата нога го совлада Тибо Куртоа и го нокаутира мадридскиот тим.