Спорт
Белгискиот напаѓач Русел почина на 45 години
Поранешниот белгиски напаѓач на Ковентри и Вулверхемптон, Седрик Русел починал на 45 години, откако добил срцев напад во неговиот дом во Монс, по што лекарите не успеале да го вратат во живот.
Русел пристигна во Ковентри од Гент во 1999/00, каде што беше партнер на Роби Кин во нападот, по што беше продаден на Вулверхемптон, тогаш во втората лига. Повредите му ја уништија кариерата и од 2003 тој играше во Генк, Рубин Казан, Стандард Лиеж и Бреша, а имаше и три настапи за белгиската репрезентација пред да се повлече од фудбалот во 2015 на 37 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рашфорд до крајот на сезоната во Астон Вила
Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд официјално се пресели на позајмица во Астон Вила, соопшти клубот од Бирмингем.
Рашфорд (27) ќе биде на позајмица во Астон Вила до крајот на сезоната, а клубот од Бирмингем има опција да го купи, пренесува Би-Би-Си.
„Би сакал да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ја овозможија оваа позајмица. Се восхитувам на начинот на кој игра Астон Вила оваа сезона и на амбициите на менаџерот. Возбуден сум што ќе играм овде“, изјави Рашфорд на Инстаграм.
Англискиот фудбалер оваа сезона забележа 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна седум гола. Неговиот последен настап беше на 12 декември против Викторија Плзен во Лигата на Европа, по што тренерот Рубен Аморим го избриша од составот.
Рашфорд целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, одигра 440 натпревари и постигна 138 голови.
За репрезентацијата на Англија одигра 60 натпревари и постигна 17 голови.
Спорт
Бен Чилвел го напушти Челзи, но остана во Лондон
Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел го напушти клубот, се пресели на позајмица до крајот на сезоната во Кристал Палас.
Чилвел пристигна во Челси во 2020 година како големо засилување од Лестер за 50 милиони евра. Се покажа како многу моќно офанзивно оружје. Но, проблемите со повредите му ја затворија вратата на „Стемфорд Бриџ“.
Веднаш штом Енцо Мареска го презеде Челзи, јасно стави до знаење дека не смета на Чилвел. Левиот бек нема одиграно ниту една минута оваа полусезона во Премиер лигата, одигра само еден натпревар во Лига купот.
Конечно, ситуацијата околу Чилвел е решена. Тој ќе игра во Кристал Палас како позајмен до крајот на сезоната. Останува само да ги мине лекарските прегледи.
Спорт
(Видео) Дончиќ се прости од навивачте на Далас: Сакав да ви донесам НБА титула
Лука Дончиќ пристигна во Лос Анџелес по еден од најспектакуларните трејдови во историјата на НБА.
Словенечкиот интернационалец ќе го носи дресот на славниот клуб, додека центарот Ентони Дејвис замина во спротивен правец, во Далас Маверикс.
Пред пристигнувањето во градот на ангелите, еден од најдобрите кошаркари на денешницата им се обрати на навивачите на Маверикс, кои се уште се во неверување поради заминувањето на нивниот најдобар играч.
„Пред седум години дојдов во Далас за да го остварам мојот сон да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам целата моја кариера. Љубовта и поддршката што ги добив беа поголеми отколку што можев да сонувам. За момче од Словенија што дојде во Америка, направивте Северен Тексас да стане мој дом. Низ добрите и лошите времиња, од повредите до финалето на НБА, вашата поддршка секогаш беше иста. Ви благодарам што не само што споделивте убави моменти, туку и ме подигнавте кога ми беше најпотребно“, напиша Дончиќ.
#MFFL pic.twitter.com/qVMcV2uh5m
— Luka Doncic (@luka7doncic) February 2, 2025
Дончиќ посебно истакна една работа.
„Кога дојдов, мислев дека целата кариера ќе ја поминам во Далас. Многу сакав да ви ја донесам титула. Им благодарам на сите со кои работев во Далас во заедницата, што им помогнав на луѓето на кои им беше потребна помош. На мојот нов кошаркарски почеток го напуштам градот кој секогаш ќе го сметам за дом. Далас е посебен град, а навивачите на Мевс се посебни фанови. Ви благодарам од се срце“, стои во писмото на Лука Дончиќ.
First moments in the City of Angels.
Welcome to LA, @luka7doncic! pic.twitter.com/gTRZHUBQAR
— Los Angeles Lakers (@Lakers) February 3, 2025