Спорт
(Видео) Федерер и принцезата од Велс играа на Вимблдон
Осумкратниот шампион Роџер Федерер, заедно со принцезата од Велс, Кејт Мидлтон на терените на Вимблдон на „Ол Ингланд клубот“ играа тенис за да се одбележи работата на момчињата и девојчињата кои собираат топчиња на турнирот.
Облечени во бело за да се одбележи традицијата на Вимблдон, Мидлтон, која е патрон на турнирот, се приклучи на Федерер за турнир во двојки, во која принцезата покажа дека добро се снаоѓа со рекетот.
Федерер исто така ја советуваше Мидлтон за правилниот начин за собирање на топчињата, покажувајќи ја разликата помеѓу Австралија опен и Вимблдон.
The unsung heroes of @Wimbledon
The skill and dedication of the Ball Boys and Girls help make The Championships so special. They certainly taught us a few things @rogerfederer!
▶️ Watch the full film on YouTube: https://t.co/AOk8xKhjMk pic.twitter.com/KQECRCTZtZ
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) June 25, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Навивачите протестираат поради Дончиќ, извадија и мртовечки ковчег
Навивачите на Далас пред натпреварот на локалниот хокеарски тим, организираа протест поради трејдот на Лука Дончиќ на Лејкерси.
Не само за љубителите на хокејот, натпреварот Далас-Колумбос беше интересен за широката публика. Барем неговата предигра, која навивачите ја искористија за да протестираат против управата на Далас Маверикс за размена на првата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ, со Лос Анџелес Лејкерс.
Насобраните фанови направија погребен декор, со дресови, слики и транспаренти посветени на нивниот омилен играч.
А како врв на се, беше донесен ковчег со транспарент на кој пишуваше „најлошиот трејд во историјата на НБА“.
Лука Дончиќ, заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис, беше трејдуван на Лејкерси во замена за Ентони Дејвис и Џејлен. Худ-Шифин и два избора од вториот круг на драфтот.
Dallas Mavericks fans brought a coffin outside American Airlines Center, the Mavericks’ home arena, while playing “See You Again” in protest of the Luka Doncic trade pic.twitter.com/nvtO4QjPko
— FearBuck (@FearedBuck) February 2, 2025
Спорт
Дефанзивецот на Црвена звезда се сели во Вулверхемптон
Фудбалерот на Црвена звезда, Насер Џига, до крајот на денот ќе се пресели во Премиер лигата.
Дефанзивецот ќе му се приклучи на Вулверхемптон, а според српските медиуми, англискиот премиерлигаш ќе плати 11 милиони евра и 2 милиони преку можни бонуси. Црвена звезда ќе го задржи правото и на пет или десет проценти од следниот трансфер.
Џига имаше излезна клаузула од 8.500.000, но добрите игри во Лигата на шампионите и фактот што неколку клубови беа заинтересирани ги натера челниците на Вулверхемптон да понудат поголема сума како обештетување.
Џига (22) е репрезентативец на Буркина Фасо, во Црвена звезда пристигна од Базел во септември 2023 година на позајмица, а клубот потоа за три милиони евра го откупи неговиот договор.
Спорт
Питлик: Некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет
Ракометарот на Данска Симон Питлик имаше порака за хрватските колеги по победата во финалето на 29. Светско првенство.
Во мечот за титулата во Осло, Данците лесно ја совладаа Хрватска и победија со 32:26, со што четврти пат по ред станаа светски шампиони.
Хрватите го одиграа финалето доста грубо, а покрај директниот црвен картон на Марко Мамиќ имаше и многу фаули што го изнервираа Симон Питлик.
„Треба некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Ваков ракомет можат да играат само во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Правеа луди фаули. Само така можеа да не победат. Тоа не им успеа затоа што ние сме попаметни. Добиваа глупави исклучувања, внесоа премногу емоции“, истакна Питлик.
На Питлик не му пречеше премногу грубата игра на Хрватите, бидејќи мечот го заврши со четири гола. Питлик со 50 гола заврши на четвртото место на листата на најдобри стрелци.
За потсетување, Франција го освои бронзениот медал со тесната победа (35:34) против Португалија.