Македонија
Повик до единиците на локалната самоуправа за Лигата на шампионите за локален развој
Локалните самоуправи од целиот регион имаат можност да се пријават за учество во Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE) и со тоа системски да ги унапредат условите за привлекување инвестиции и побрз развој на постојното стопанство.
Партнерството за конкурентен регион (CORE Partnership) во соработка со германската развојна соработка, што ја спроведува ГИЗ, објави јавен повик до лидерите на локалните самоуправи за подобрување на работата и ефикасноста на локалната администрација со следење на критериумите за сертификација на BFC SEE и со тоа да го заслужат епитетот општина по мерка на бизнисот. Повикот е отворен за вкупно 50 единици на локалната самоуправа од регионот, кои досега не учествувале во BFC SEE-програмата.
„Почетен чекор во овој процес е локалната самоуправа да ги препознае единствените потенцијали и улога на стопанството во креирање одржлива стратегија за развој. Во тоа BFC SEE-програмата помага давајќи јасни насоки за зачувување на вработеноста и отворање работни места преку јакнење на партнерствата со локалните бизниси. Критериумите ги следат развојните и просторните планови и помагаат да се унапредат организацискиот капацитет, ефикасноста и нивото на дигитализација на општинските услуги. Стандардот рангира и конкурентност во смисла на локалните давачки и особено ја вреднува поддршката на претприемаштвото, иновациите и зелената економија“, вели Душица Перишиќ, извршна директорка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).
BFC SEE-програмата се спроведува од 2012 година и досега повеќе од 100 града и општини поминаа низ процесот на сертификација, а во моментот 45 локални самоуправи се носители на сертификат кој претставува печат за квалитет на нивното деловно опкружување. Резултатите од истражувањето спроведено од партнерството за конкретен регион покажуваат дека повеќе од три четвртини од локалните самоуправи, кои поминале низ овој процес, сметаат дека процесот е корисен и истакнуваат дека најмногу ги мотивирало унапредувањето на ефикасноста во работата на администрацијата, привлекување нови инвестиции и препознатливост на локалните самоуправи. Од нив, 98 % би ја препорачале BFC SEE-програмата и на други градови и општини.
Процесот на сертификација е во времетраење од 12 месеци и почнува со обука на тим на локалната самоуправа, кој е задолжен за исполнување на поставените критериуми. Следува процес на евалуација, во кој се оценува моментната состојба во градот или општината, по што се доставува извештај до раководството со конкретни препораки за унапредување, што е потребно да се применат во зададен период. На крајот од процесот независна верификациска комисија проценува дали локалната самоуправа ги исполнува условите за BFC SEE-сертификат.
„Досега BFC SEE-сертификат добија Град Скопје, Велес, Струмица, Штип, Илинден, Гази Баба и Богданци и тие се меѓу најуспешните локални самоуправи кога станува збор за привлекување инвестиции и развој на локалното стопанство. Сакаме и другите да ги мотивираме да се придружат на клубот на најдобрите. Сертификатот BFC SEE на единиците на локалната самоуправа им носи препознатливост во однос на другите општини, подобра позиција на инвестициската мапа на Југоисточна Европа и поголеми шанси за привлекување вложувања. Добиваат и можност за учество во регионални проекти финансирани од меѓународни донатори и можност за размена на знаење со најуспешните локални самоуправи. Сè ова на крајот води до нови работни места и подобар квалитет на животот за граѓаните“, истакнува Перишиќ.
За учество во програмата, заинтересираните единици на локалната самоуправа може да достават пријава преку веб-страницата www.bfc-see.org или да се обратат до ЗЕЛС како надлежен технички секретаријат за спроведување на BFC SEE-Програмата во Северна Македонија.
Партнерството за конкурентен регион (CORE Partnership) е претставен од над 20 институции и организации од Југоисточна Европа. Спроведувањето на BFC SEE-програмата го поддржува ГИЗ Отворен регионален фонд за модернизација на општинските услуги (GIZ ORF MMS).
Критериуми за стекнување со сертификат
Квалитетот на локалното деловно опкружување се оценува врз основа на повеќе од 60 критериуми групирани во 10 категории. Тоа се, пред сé, поседување стратешки план за развој со план за капитални инфраструктурни вложувања, постоење на функционална канцеларија за локален економски развој, како и Економски совет за постојана комуникација и соработка со стопанството со цел креирање подобри услови за бизнис. За секоја модерна локална самоуправа неопходно е и да има ефикасен систем за издавање градежни дозволи, да располага со информации за можности за вложувања и понудени поволности за инвестирање, и да е транспарента по прашање на деловни трошоци за стопанството. Потребно е да се поседува програми за преквалификација на работна сила согласно потребите на инвеститорот. Посебно се вреднува стимулирање на развојот на претприемништво преку финансиски и нефинансиски бенефиции и олеснувања, посветеност на заштита на животната средина, како и дигитализација на административните процедури и решенија за поефикасно информирање на граѓаните и стопанството.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари
Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 година до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, дневниците кои четвртопријавената З.С. ги заработувала како секретар на здружението, ги префрлале на трансакциска сметка на нејзината мајка за да не ѝ биде ускратено правото кое го имала на социјален детски и образовен додаток.
З.С., со лажно прикажување на факти, го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека има долг кон нејзината мајка и во име на здружението склучила договор за отстапување на побарување со нејзината мајка, а откако починала мајка ѝ, и со нејзината ќерка склучила ист договор.
Исто така, првопријавениот и второпријавената вршеле плаќања за себе и други лица за седници кои не биле одржувани, а исплаќале и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош.
Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор во периодот додека траел огласот за изнајмување на станбен простор, односно без да бидат разгледани сите поднесени барања.
Тој во неколку наврати од службената сметка на својата трансакциска сметка си исплаќал парични средства, а извршил и незаконска исплата на парични средства на правно лице за наводно извршена угостителска дејност.
Со овие дела, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението во вкупен избнос од 297.730 денари, а на четвртопријавената ѝ овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 88.234 денари.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.

