Спорт
Хајтек со казахстански милиони ќе се обиде да влезе во Ф1 од 2026

Британскиот тркачки тим Хајтек (Hitech) аплицираше за влез во Формула 1 шампионатот од 2026 со помош на инвестиции на казахстанскиот милијардер Владимир Ким.
Хајтек, кои во моментов се натпреваруваат во Формула 2, Формула 3 и Формула 4 сериите и имаат над 150 вработени во седиштетот во Силверстоун, продадоа 25 отсто од компанијата на Ким.
„Во 2023, по повеќе од 20 месеци планирање и подготовки, Хајтек аплицираше за влез во Формула 1 шампионатаот од 2026 година“, потврдија од компанијата.
ФИА во февруари ја почна формалната процедура за аплицирање за еден или повеќе нови тимови кои би почнале од 2025, 2026 и 2027 година, но засега нема донесено никаква одлука. Досега, аплицираа и Андрети глобал, како и Џенерал моторс со брендот Кадилак.
🚨 NEWS: Kazakh businessman Vladimir Kim
agrees to acquire shareholding in Hitech Global HoldingsHitech Grand Prix has agreed the sale of a 25% interest in the group to Kazakh businessman and motorsport enthusiast Vladimir Kim.
Read more on our website: https://t.co/Nj0KJTchq2 pic.twitter.com/CUYsLIsUWf
— Hitech Pulse-Eight (@HitechGP) June 26, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прв пораз за ПСЖ во Лига 1 – Ница освои три бода во Париз

Старо-новите шампиони на Франција, фудбалерите на ПСЖ, во 31.коло го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Лига 1. „Светците“ во минатото коло ја одбранија титулата, па овој пораз на домашен терен и не е изненадување.
Тимот од Азурниот Брег направи изненадување во 31. коло, победи во Париз со 3:1.
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике на „Паркот на принцовите“ го изведе најсилниот состав.
Морган Сансон ја доведе Ница во водство во 34. минута, а пред паузата домашните одговорија преку Фабијан Руиз.
Сансон повторно постигна гол веднаш на почетокот од второто полувреме, во 46. минута, а Јусуф Ндаџишимије најави големо изненадување во 70. минута.
ПСЖ нападна на крајот, но Марчин Булка се истакна, завршувајќи го натпреварот со двоцифрен број интервенции.
Парижаните се први со 78 бода, додека Ница ги задржува шансите за пласман во Лигата на шампионите и моментално е четврта со 54 бода.
Спорт
Олимпијакос го одбрани домашниот терен од Реал

Кошаркарите на Олимпијакос ја остварија втората победа во четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид. Тимот од Пиреја победи со 77:71 (15:25, 23:13, 19:16, 20:17), па на Реал ќе му треба чудо за да се пласира на завршниот турнир.
Реал, за разлика од првиот меч, имаше шанси да направи брејк. Играчите на чус Матео водеа со 13 поени разлика во првиот период, кој го добија со 25.15. Олимпијакос се врати во натпреварот во втората четвртина, на полувреме резултатото беше 38:38.
Реал подобро влезе во третата четвртина, стекна предност од седум поени и тука застана. Олимпијакос од финишот на третата и првите четири минути во последната четвртина со серија 19:2, од -7 дојде до +10.
И повторно Реал успеа да фати приклучот, зонската одбрана им направи проблеми на домашните кошаркари, а реал предводен од Марио Хезоња се доближи на 67:64 на две минути до крајот.
Овој налет го одбија Алекс Питерс и Најџел Вилијамс-Гос со две тројки. Олимпијакос стекна предност од девет поени и тука беше крајот заРеал.
Стандардно, најефикасен кај Олимпијакос беше Саша Везенков со 22 поени, Еван Фурние одигра одлично и постигна 17 поени (9/10 од линијата за слободни фрлања). Единствен расположен кај Реал беше Хезоња со 22 поени и осум скока.
Следниот натпревар на програмата е во среда во Мадрид.
Спорт
Монако ја победи Барселона, победа го дели од настап на завршниот турнир

Кошаркарите на Монако поведоа со 2:0 во плејоф серијата против Барселона. Во вториот натпревар, кошаркарите на Монако победија со 92:79.
Ова беше уште еден дуел меѓу овие два тима, кој Монако го доби во своја корист и сега се само на една победа од пласман во новиот фајналфор од Евролигата.
Ова беше натпревар на Мамаду Жаите, кој го одигра можеби својот најдобар натпревар во Евролигата. Без промашување постигна 20 поени. Алфа Диало имаше еден поен повеќе, додека Џордан Лојд постигна 13 поени. Стразел постигна двоцифрен број поени со 12, додека Ели Окобо го заврши натпреварот со 11 поени и осум асистенции.
Мајк Џејмс не беше на негово ниво, постигна само пет поени.
Кај Барселона, Џабари Паркер имаше 16 поени и девет скока, додека Кевин Пантер постигна четири тројки и вкупно 14 поени.
И навистина, овој исход и овој резултат во серијата по два натпревари е неверојатен, бидејќи Барселона победи во двата натпревари во лигашкиот дел од Евролигата.
Во среда во Блауграна, Барселона ќе биде домаќин во третиот натпревар. .