Свет
Путин: Западот сакаше руските војници да се убиваат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/km.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на нацијата на државната телевизија и истакна дека руското општество се консолидирало за време на бунтот, пренесува Ројтерс.
Путин рече дека „организаторите на овој бунт не можат а да не сфатат дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата, дека ова е криминална активност насочена кон ослабување на земјата“.
Сепак, рускиот претседател посочува дека повеќето борци во компанијата Вагнер се патриоти на Русија, пренесува Би-Би-Си.
„Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање“, додава Путин.
Во острата изјава Путин рече дека „секаков вид на уцена е осудена на неуспех“ и дека Западот сака руските војници да се убиваат меѓусебно.
Тој се заблагодари на руската јавност за „поддршката, патриотизмот и солидарноста“ и на белорускиот претседател Александар Лукашенко за мирното решение.
„Практично целото руско општество беше обединето со неговата одговорност да ја брани својата татковина“, рече Путин, според Скај њуз.
Тој, исто така, им се заблагодари на претставниците на Вагнер кои „донеле правилна одлука да запрат и да се вратат за да спречат крвопролевање“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Полска: Укината е поддршката за домаќинствата кои обезбедуваат помош за украинските бегалци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/jm.jpg)
Полските власти најавија дека од денеска ќе стапат на сила измените на законот за помош на граѓаните на Украина, а во рамките на новите регулативи полските домаќинства кои обезбедуваат засолниште за бегалците повеќе нема да добиваат финансиска поддршка од полската влада.
Досега Полјаците кои беа домаќини на Украинците добиваа по 40 злоти дневно за секој кој престојуваше во нивното сместување, пренесува Полското радио.
Заменик министерот за внатрешни работи и државна администрација Мачеј Душчик рече дека системот се укинува поради големите злоупотреби.
Свет
Невработеноста во Австрија во јуни падна на 6,2 отсто, што е најниско ниво во последните девет месеци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bx.jpg)
Стапката на невработеност во Австрија падна во јуни од 6,4 отсто во мај на 6,2 отсто и сега е најниска во последните девет месеци, објави денеска австриската јавна служба за вработување (АМС).
Бројот на регистрирани невработени во Австрија се зголемил за 24.700 на годишно ниво, се наведува на веб-страницата на АМС.
Невработеноста во Австрија е во согласност со трендовите во еврозоната.
Свет
Од израелскиот затвор ослободени 55 Палестинци, меѓу кои и директорот на болницата Ал-Шифа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/vc.jpg)
Неименуван функционер на палестинското Министерство за здравство во окупираниот Појас Газа потврди дека Израел денеска ослободил 55 Палестинци од заробеништво, меѓу кои и Мохамед Абу Селми, директорот на главната болница Ал-Шифа.
Мохамед Абу Селмија беше уапсен во ноември 2023 година кога израелските сили извршија рација во болницата Ал-Шифа, според АП.
Во видео изјава емитувана на палестинските медиуми по неговото ослободување, Абу Селми ги обвини израелските власти дека ги подложуваат палестинските затвореници на „секојдневно физичко и психичко понижување“, но Израел веднаш ги отфрли таквите обвинувања.