Регион
Работеше градежништво до април годинава, не спомна дека некого во селото мрази, сведочи најдобриот пријател на убиецот од Младеновац

Урош Блажиќ (21), по вештачењето во Специјалната затворска болница во Белград, е префрлен во притвор во Смедерево, а според судска наредба вчера, нему и на неговите татко и вујко им е забрането да располагаат со имотот. Блажиќ е осомничен за смртта на 9 и за ранувањето 13 лица во масакрот кај Младеновац и Смедерево. Досега се сослушани повеќе од 50 сведоци, а меѓу нив е и најдобриот пријател на Урош, кој го видел само десет дена пред злосторството.
„Се сретнавме во Белград на кафе. Разговаравме за сè и сешто. Тој беше во добро расположение. Најмногу ми раскажуваше како е во Германија. Работел градежништво од јануари до април годинава. Никогаш не ми спомна дека некој во селото го мрази. Тој ги осуди сите форми на насилство и луѓето што пијат и земаат опијати. Јас сум негов најдобар пријател од раѓање и не можев да верувам што направи“, со овие зборови сведочеше најдобриот пријател на Урош во Вишото јавно обвинителство во Смедерево.
На распитот сведокот рекол дека Блажиќ е „задоволен од својот живот“. Во ниту еден момент од приказната и однесувањето на Урош не можел да заклучи дека ќе направи таков масакр.
Родителите на убиените и ранетите во масакрот кај Младеновац беа сослушани во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, сведоци на злосторството, таксистот, но и мајката на Урош Блажиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдени се лицата кои исчезнаа во Грција

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
Двајцата биле пронајдени во Сер.
– Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
Регион
Никола и Марта исчезнаа на патот кон Грција: „По втората рампа повеќе не ги видовме“

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19) исчезнаа патувајќи на одмор во Грција, како што потврди за „Блиц“ Јелена Стојиљковиќ, ќерката на нивниот пријател, со кого го напуштиле Лесковац.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
„Тато ги набљудуваше цело време во ретровизорот. По таа втора рампа, повеќе не ги видовме. Потоа тато доби порака од бројот на Никола „Брат, те молам јави ми се“, што и го стори. И тој и таа беа недостапни“, изјави Јелена за „Блиц“.
Како што истакна, Марта и Никола не контактирале со никого од вчера и сите се многу загрижени.
„Се надеваме дека се е добро и дека ќе се појават, сите сме многу загрижени за нив“, рече таа на крајот од интервјуто за „Блиц“.
Патем, судејќи според информациите објавени на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“, автомобилот со кој Никола и Марта патувале во Грција е син металик опел со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB.
Исчезнатиот Никола Стефановиќ живее во селото Богојевце во близина на Лесковац, а Марта Илиќ живее во селото Бунушки Чифлук.
Регион
(Видео) Дачиќ: Уапсен Хрват за време на протестите, толку за тоа дека овие протести немаат никаква врска со надворешен фактор

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ по полноќ објави дека полицијата била подложена на брутално насилство и дека најмалку 42 полицајци биле повредени, најмногу во Белград – 26, седум во Валево и девет во Панчево, објави РТС.
Уапсени се 37 лица, меѓу кои и хрватски државјанин, идентификуван како Б. Х. (23), кој, според Дачиќ, ја нападнал жандармеријата.
„Толку за тоа дека овие протести немаат никаква врска со надворешен фактор“, рече Дачиќ, кој е и заменик-премиер на српската влада, која ги нарекува протестите обоена револуција, со обвинувања дека се поддржани и платени од странство.
„Амбасадата на Република Хрватска не е официјално информирана дека некој е уапсен, па затоа не можеме да кажеме ништо повеќе“, изјави Иван Зеко-Пивач, заменик-шеф на дипломатската мисија во хрватската амбасада во Белград, за „24 сата“.
„Доколку информациите се точни, Република Србија ќе нѐ контактира со дипломатска нота, дури кога ќе се утврди притвор“, вели Зеко-Пивач.
Тој исто така додава дека се поставува многу важно прашање дали уапсеното лице има двојно државјанство.
„Доколку е и хрватски и српски државјанин, тогаш немаме можност за конзуларно дејствување на територијата на Република Србија“, заклучи тој додавајќи дека „вообичаен наратив е дека постои некаков странски фактор, па затоа сè треба да се земе со резерва“.
фото: принтскрин