Македонија
Пендаровски во Подгорица: Македонија ќе работи на премостување на поделбите и градење доверба во ЈИЕ
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во Подгорица, Црна Гора, се обрати на самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Пендаровски во своето обраќање изрази благодарност до Црна Гора за направените напори изминатата година за време на нивното претседавање со ПСЈИЕ и ги најави приоритетите на македонското претседавање со оваа иницијатива. Претседателот истакна дека како претседавачи ќе се водиме од принципите наведени во основачките документи, кои се од 1996 година, односно добрососедските односи, стабилноста, безбедноста, соработката во ЈИЕ и интеграцијата во евро-атлантската заедница на слободни и демократски народи. Тој посочи дека овие принципи се исто толку релевантни и денес како што биле пред две децении и потсети дека оттогаш бил постигнат значителен напредок во однос на политичката и економската соработка, како што е потврдено со спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2030 и воспоставувањето на заедничкиот регионален пазар.
Во своето обраќање Пендаровски го претстави слоганот „Премостување на поделбите, градење доверба“ како водечка тема за македонското претседавање, со посебен фокус на помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции.
Претседателот Пендаровски, нотирајќи ги етничките тензии во регионот, кои лесно се искористуваат од надворешни актери, како и падот на евроентузијазмот, порача дека од суштинско значење е да вложиме максимални напори за да се спротивставиме на овие тенденции преку дијалог и барање заемно прифатливи решенија со разбирање и почитување еден кон друг.
Тој нагласи дека Северна Македонија посветено го следи овој пат, како што покажаа Охридскиот рамковен договор, преспанскиот договор, договорот за добрососедство со Република Бугарија и одобрувањето на преговарачката рамка на ЕУ минатиот јули, што ни овозможи да ги отвориме пристапните преговори.
Покрај ова, говорејќи во контекст на руската агресија против Украина, ја нагласи итноста за интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и притоа изрази очекување за поддршка од страна на земјите членки на ЕУ за обезбедување опипливи придобивки, вклучително и пристап до фондовите на ЕУ во соодветните области во текот на целиот процес не чекајќи го неговото завршување.
Во овој контекст претседателот Пендаровски изрази задоволство од неодамнешната објава на претседателот на Европската комисија за новиот план за раст за Западен Балкан за кој рече дека е целосно во согласност со нашето барање да се добие одредена предност од членството во ЕУ пред формалното членство.
Претседателот во своето обраќање посочи дека и подобрувањето на енергетската безбедност во ЈИЕ, изградбата на трансевропските транспортни коридори и промовирањето на културните размени исто така ќе се рангираат високо на нашата листа на приоритети за кои изрази уверување дека ќе им служат на пошироките напори на нашата платформа и ќе го одржат просперитетот на целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта
Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери, велат од СДСМ.
Молкот, според нив, е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.
„Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта. Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?
СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа“.
Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм, истакнуваат од оваа партија.
Молкот, како што додаваат, мора да престане.
„Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.
Нема бегање од одговорноста.
Македонија
Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако се постигна договор и се закажа средба меѓу Владата и гранковиот синдикат УПОЗ за зголемување на платите на административните службеници и до 40%, претседателот на ССМ се јави на социјалните мрежи.
Во стил на инфлуенсер, Трендафилов објави статус со фотографија како седи сам во празните простории на синдикатот, при што пишува дека чекал да дојде претставник на Владата за да се потпише договор за зголемување на платите.
Ова е само уште една потврда на тезите дека барањата на Слободан Трендафилов не се барања од и за работниците, туку се барања со политичка заднина и дека зад оваа раководство на ССМ стојат СДС и Левица“.
Ваквото однесување на Трендафилов, додават од владејачката партија, не е ништо друго освен обичен театар за широката маса, во која тој изигрува жртва, а виновна е владата.
„На него никогаш не му било до зголемување на платите на работниците, туку целта единствено му било да се наштети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што е иста политичка агенда со таа на СДС и Левица.
Оттука се јавува потреба да се постави прашањето, дали СДС и Левица му ги пишуваат барањата на ССМ и Трендафилов?“
Изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, појаснуваат од партијата, потпиша нови колективни договори и ги зголеми платите во образование, здравство, полиција, одбрана, социјала и другите сектори, но за тоа Трендафилов ништо не кажа.
„Исто како што збор не изусти за ценовните шокови во време на власт на СДС и ДУИ, кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, кога сметките за струја се зголемија за над 50% и молчеше кога во неколку државни институции со месеци немаше плати.
Исто така, потсетуваме дека во изминатите години на власт на СДС, се потпишаа колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Тоа значи, СДС и ССМ си потпишале договори без претходно одобрени средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор и уште едно изигрување на работниците за политички цели.
Со овие политички игри и лицемерие Трендафилов и ССМ покажуваат дека не се борат за работниците, туку соработуваат и работат во корист на СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

