Македонија
СДСМ: Се враќа евтината тарифа на струјата и нема поскапување на цената
Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки со кои се надминаа сите последици од светската енергетска криза, велат од партијата на власт.
За само помалку од една и пол година, како што објаснуваат, има рекордно зголемување на енергетските капацитети од обновливи извори, што придонесе за рекордно домашно производство на електрична енергија и зголемен извоз.
Оценуваат дека се создадени сите услови за повторно враќање на дневната евтина тарифа на електричната енергија.
„Од први декември оваа година, домаќинствата секој ден од 13 до 15 часот ќе можат да користат евтина тарифа на струјата. Од следниот месец, цената на електричната енергија за домаќинствата од првиот и вториот блок се намалува за 7,04, односно за 4,09 отсто, што значи дека и покрај враќањето на ДДВ за електрична енергија на 18 отсто, крајната цена за домаќинствата нема да се зголеми. Со тоа, повторно паѓаат во вода шпекулациите на ДПМНЕ дека нашите сограѓани ќе плаќаат најскапа електрична енергија во регионот и дека се можни рестрикции во снабдувањето“, истакнуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

