Црна хроника
Тетовец нападнал сограѓанин на улица, извадил и нож

Синоќа, околу 23.10 часот, на улицата Благоја Тоска во Тетово, полицијата го приведе 40-годишниот тетовец В. М., кој претходно бил пријавен од 26-годишниот тетовец Б. В. дека во близина на угостителски објект на оваа улица физички го нападнал.
Според пријавеното, тој употребил и остар предмет, но не го повредил, велат од МВР.
В. М. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен малолетник во Гостивар: го удрило „бмв“од Швајцарија

Ноќеска во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Од плажа на брегот на Охридското Езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото дадено на обдукција

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.