Македонија
Извадени од фиока сите предмети водени против Мерко, извештајот како постапувале обвинителите сѐ уште се работи
Увидите во предметите што се воделе против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од струшкото Обвинителство, Вишото јавно обвинителство – Битола и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е завршен. Се проучуваат и анализираат сите дејства што се преземени.
„Притоа, поради обемноста на преземените дејства и сложеноста, некои од предметите сè уште детаљно се проучуваат и се анализираат. По завршувањето на проверките, комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети“, велат од Обвинителството.
Изминативе денови Обвинителството е цел и на силни критики од правната фела. Некои од коментарите се во насока дека Обвинителството дејствува кога извршната власт ќе им даде знак.
„Макфакс“ објави дека по дваесет години седење во државна фотелја, правосудните институции во Македонија не најдоа незаконско постапување кај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ. Стејт департментот го стави на црната листа поради корупција, а струшкото Обвинителство отфрли девет од дванаесет кривични пријави, во кои имаше и вакви наводи.
Минатата недела контроли во судот во Струга почна и Судскиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

