Македонија
Судски совет влегува во струшкиот суд, откако САД кажа дека Мерко се мешал во судски процеси
Струшкиот суд ќе биде мета на вонредна контрола, откако градоначалникот Рамиз Мерко се најде на црната листа од САД поради сомневања дека се мешал во судски постапки. Оваа изјава допрела Судскиот совет, од каде за „Макфакс“ посочуваат дека посетата ќе биде од страна на координаторот за судот. Засега нема информации дали проверки ќе има и во други судови, а со оглед дека Стејт депарметнтот не посочи конкретно каде Мерко влијаел.
„Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија“, велат од Судски совет, по што дополнуваат дека постапувањето ќе биде по поднесени претставки, вкупно 15 на број: „Напоменуваме дека овие постапки во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, туку станува збор за конкретни предмети“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

