Контакт

Македонија

„Процесот нема да застане без разлика на променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ“: Ковачевски уверен дека мнозинството пратеници се за уставни измени

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став околу уставните измени искажан на лидерската средба од страна на нивниот лидер Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски изрази уверување дека меѓу 120-те пратеници во Собранието, мнозинството е за европската интеграција на државата.

„Процесот нема да застане без разлика на променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека меѓу 120-те пратеници во Собранието има огромно мнозинство кое е за европската интеграција на земјата, изјави Ковачевски.

Прашан дали има рок до кога СДСМ ќе го чека ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски рече дека роковите се пропишани согласно закон и дека предлогот ќе биде доставен до Владата од страна на Министерството за правда, а потоа и доставен до Собранието.

– Согласно со законските рокови и со политичката волја во Собранието, така ќе биде организирана работата во однос на носењето на уставните амандмани, рече Ковачевски, додавајќи дека што побрзо се заврши овој процес, толку подобро за државата која не смее да биде блокирана одвнатре“, рече Ковачевски и додаде:

„Во секој случај процесот нема да застане за разлика од променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ бидејки тие често знаат да ги менуваат ставовите.  Роковите се потпишани согласно со закон, предлогот ќе биде доставен до Влада од страна на Министерството за правда и подоцна ќе биде доставен до Собранието и до уставната комисија и согласно со законските рокови и со политичката војла во Собранието таква ќе биде и работата во врска со донесувањето на амандманот. Што побрзо тоа се заврши тоа е и подобро за државата“, заврши Ковачевски.

Македонија

Тошковски во посета на Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци: во фокусот, задржување на постојниот и привлекување на нов кадар

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети во Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци каде одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици на министерството.

dobivaj vesti na viber

Секторот за компјутерски криминал има специфичен делокруг на работа и постапува по неколку кривични дела како што се загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, злоупотреба на лични податоци, прикажување на порнографски материјал на малолетник, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години и други.

„Имајќи ги предвид квалификациите што се потребни за кадарот кој работи во овој Сектор и конкуренцијата на пазарот на труд, потребно е во најбрзо можен рок да се преземат соодветни мерки со цел задржување на постојниот и привлекување на нов кадар во овој дел.
Во однос на Одделот за прекршоци исто така има недостаток на соодветен кадар кој треба да исполнува посебни услови согласно Законот за прекршоци заради ефикасно извршување на големиот обем на работа кој го имаат. Во иднина треба да се размислува за олеснување на процедурите во делот на прекрошочната постапка, дигитализација и користење на бенефитите кои ги нудат современите софтверски решенија“, истакна Тошковски.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Поради протест, во прекин сообраќајот на патот Битола – Новаци

Објавено пред

Сообраќајот на регоналниот пат Битола – Новаци е во прекин во двата правци поради протест, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ: Осуда за обидот за цензура од страна на директорката на Клиниката за токсикологија

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која им се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми.

Во наредбата од 20.5.2024 година се вели дека во согласност со член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за токсикологија – Скопје се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката.

Ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот. Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ.

Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес.

Новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или скрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес, велат од ЗНМ.

ЗНМ формално ќе се обрати до ресорното министерство и ќе бара одговорност од директорката на Клиниката за токсикологија и од сите инволвирани во донесувањето на оваа наредба. Дополнително, ЗНМ ќе инсистира за итно повлекување на наредбата и на воспоставување транспарентност во работењето на клиниката, со цел да се осигурат слободата на говор и правото на новинарите да информираат за прашања од јавен интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија2 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ3 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ3 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија4 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија4 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет4 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија4 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет5 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет7 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет7 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет7 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија20 часа

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет20 часа

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија1 ден

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија1 ден

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија1 ден

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ1 ден

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...