Спорт
Пикси проговори за аферите и скандалите што ја следеа Србија на СП во Катар
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, по неколку месеци реши да проговори за случувањата на Светското првенство во Катар. Тој ги отфрли сите наводи за какви било скандали и истакна дека сѐ е измислено за да се внесе негативна атмосфера во тимот.
„Орлите“ одиграа многу лошо првенство и освоија само бод во групата со Бразил, Швајцарија и со Камерун.
„Сето тоа е фарса, претерување, измислување афери. Сето тоа е нормално, затоа што ако победувавме, ништо немаше да излезе од тоа“, изјави Стојковиќ.
„Сѐ беше во ред. Тие што беа во хотелот во Катар можеа да видат. Кои жени? Што зборувате? Дојде жената на Митровиќ со синот, помина еден час со него. Не можеше да се спие во нашиот хотел, ниту можеше да се влезе во нашиот дел. Бевме целосно изолирани. Организацијата беше совршена, како и однесувањето на играчите. Не читав ништо затоа што и не ме интересираше. Ние бевме посветени на натпреварите”, изјави Стојковиќ за српските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз.
Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба.
Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година.
Алкараз и покрај поразот ја заврши годината на првото место, но Синер со овој триумф ја намали неговата предност на 550 поени.
За дваесет и четиригодишниот Синер, ова е шеста титула во сезоната, а 24-та вкупно во неговата кариера.
Бидејќи го освои Завршниот Мастерс без пораз, Синер освои 5 милиони долари. Со одбраната на титулата влезе во друштвото на Ѓоковиќ, Федерер, Хјуит, Сампрас, Мекенро, Лендл, Борг и Настасе.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.
Спорт
(Видео) Ирска во 96-та минута и го одзеде баражот на Унгарија, Португалија со девет гола го поврди местото на Мундијалот
Ирска, во нереален расплет во Ф групата, победи в Будимпешта со 3:2 и обезбеди место во плејофот за Светското првенство. Оваа група ја освои Португалија.
Нерешен резултат им беше доволен на Унгарците за да играа бараж за настап на Мундијалот наредното лето. Така не мислеше Трој Парот, човекот кој пред три дена со два гола им пресуди на Португалците во Даблин.
Парот стана херој на нацијата, откако со хет-трик и донесе победа на Ирска во Бдимпешта (3:2).
Првиот го постигна од пенал во 15-та минута, кога го поништи голот на Лукач во четврттата минута, вториот во 80-таа минута кога изедначи на 2:2, откако Варга во 37-та постигна спектакуларен гол за 2:1 и третиот во шестата минута од судиското надополнување на времето.
TROY PARROT AT THE DEATH FOR IRELAND!!!!!!!!pic.twitter.com/uki1KUD8ln
— Football Xtra™ (@FootballXtra0) November 16, 2025
Патем, прва во групата Ф е селекцијата на Португалија, која стигна до директен пласман на завршниот турнир. Португалија ќе игра на Светското првенство по деветти пат во историјата, а седми пат по ред.
Во последниот натпревар од квалификациската група Ф, актуелните шампиони на Лигата на нации ја декласираа Ерменија во Порто на стадионот „Драгао“ со 9:1. Доколку Кристијано Роналдо се најде на списокот на играчи за Светското првенство следната година, тоа ќе биде негов шести настап на најголемото фудбалско шоу на планетата.
Најголемиот успех на Португалија беше третото место во 1966 година, додека на Светското првенство во Германија во 2006 година, беа четврти.
Во Порто по три гола во победата постигнаа Жоао Невеш и Бруно Фернандеш, а еднаш прецизни беа Веига, Рамош и Консеисао.

