Македонија
Шолц гарантира дека нема да има нови услови за Македонија кон патот до ЕУ
Германскиот канцелар Олаф Шолц гарантира дека нема да има други билатерални услови за Северна Македонија на патот кон ЕУ и повикува да се усвојат уставните измени во Собранието.
„Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, а за Македонија, тоа важи посебно. Имаме голем почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што ги вложивте со реформи кон ЕУ“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Шолц порача дека предвидените уставни измени на македонскиот Устав се од централно значење и од нив зависат многу нешта.
-Знам дека тоа не е едноставен чекор, но потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања и се важни за граѓаните со позитивни влијанија, кажа канцеларот.
Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски во рамки на официјалната посета на Берлин оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц и беше пречекан со највисоки државни почести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

