Топ
(Фото) Од сообраќајка до тепачка: кавга, па боксови во Карпош 4, оти автомобил удрил во дете

Сообраќајна несреќа со прегазен малолетен пешак прераснала во физичка пресметка во Карпош 4, на стотина метри оддалечено од трговскиот „Сити мол“, а во близина на „Антико“. Недоразбирањето по несреќата прераснало во кавга, а потоа и тепачка со боксови и клоци.
Според неофицијални информации, пешакот е вон животна опасност и во добра состојба. Случајот е пријавен и во полиција, чии службеници интервенирале.
Интервенирале екипи на Брзата помош, кои укажувале помош – но непознато е дали за пешакот или тепачите.
На случајот се работи. Полицајци земаат изјави од учесниците како во сообраќајката така и во тепачката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел да некоја “умна” глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите “професионални” кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности!“, напиша на социјалните мрежи, советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.
„Пред 4 или 5 дена починале две лами за кој неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза, а пред само нешто повеќе од еден месец исто така починаа две лами за кој се знаело наводно дека боледуваат од истата болест туберкулоза!
Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија Попов е наредено на вработените за смртта на овие Лами да се сокрие и да не се објави, до таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене.
Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на Ламите без никаква хтз или заштитна опрема за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболенито животно.
За ова како и за се претходно што се случува во Скопје Зоо некој мора да поднесе одговорност и да одговара! Данела Арсовска што уште ке му направиш на Скопје“, прашува Кирков.
Македонија
(Видео) Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и се уште активно оперираат.
Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце е делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови изби веднаш покрај патот, од Скопје кон Блаце. Овој пожар вчера навечер и во текот на ноќта се разви во голем пожар, при што зафати и делумно шума, извеси директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Рано утрово скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење, а како помош се придружија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС.
Покрај нив на лице место има поголем број пожарникари, пожарот е ставен под делумна контрола, за жал се уште имаме активни два краци, едниот предмалку е ставен под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер“, соопшти Ангелов.
Тој најави повеќе информации во текот на денот.