Контакт

Свет

Самит на ЕУ во Брисел, главни теми Украина и прашањата за безбедноста, миграцијата и економијата

Објавено пред

Во Брисел денеска почнува дводневната средба на шефовите на држави или влади на ЕУ, со што официјално завршува шведското претседавање со Унијата и претседателството со блокот во следните шест месеци го презема Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Главни теми на овој дводневен самит на ЕУ ќе бидат руската агресија врз Украина и континуираната поддршка од Унијата за Украина, како и прашања поврзани со безбедноста и одбраната, миграцијата, економијата и надворешните односи. Прашањето за проширувањето на ЕУ, официјално, не е меѓу темите за расправа на средбата.

Во делот на состојбата во Украина се предвидува ЕУ да ја реафирмира својата цврста поддршка за земјата и нејзиниот народ и со определба да продолжи да ги поддржува украинските економија, општество и вооружените сили, како и идната реконструкција на државата.

Свет

Жена родила туѓо дете поради грешка на клиника за вештачко оплодување

Објавено пред

„Монаш ИВФ“, клиника што работи низ цела Австралија, се извини откако пациентка во една од нивните клиники во Бризбејн примила погрешен ембрион, што значи дека родила дете од друга жена.

dobivaj vesti na viber

Грешката била откриена во февруари, кога родителите што го добиле детето побарале нивните преостанати ембриони да бидат префрлени во друг центар за вештачко оплодување, пренесува „Гардијан“.

„Наместо очекуваниот број ембриони, беше пронајден уште еден ембрион во складиштето на биолошките родители“, соопшти компанијата.

„Монаш ИВФ“ соопшти дека истрагата потврдила оти ембрион од друга пациентка бил по грешка одмрзнат и вграден кај парот.

Грешката се должи на човечки фактор.

Родителите биле известени во рок од една недела од откривањето на инцидентот.

Главниот извршен директор на „Монаш ИВФ“, Мајкл Кнап, се извини за настанот и истакна дека компанијата ќе продолжи да ги поддржува засегнатите пациенти.

„Сите ние во „Монаш ИВФ“ сме потресени и се извинуваме на сите вклучени“, рече тој.

„Преземавме дополнителни проверки и уверени сме дека ова е изолиран инцидент.“

Компанијата ангажирала и високиот правен советник од Викторија, Фиона Меклеод, за да спроведе независна истрага и се обврза да ги спроведе сите нејзини препораки. Инцидентот бил пријавен и до Комитетот за акредитација на репродуктивна технологија и до регулаторот за асистирана репродукција во Квинсленд.

„Монаш ИВФ“ во август постигна спогодба од 56 милиони австралиски долари со повеќе од 700 поранешни пациенти, откако наводно уништиле ембриони поради неисправен генетски скрининг.

Тужбата тврдеше дека околу 35 отсто од ембрионите што биле означени како абнормални преку погрешното тестирање, всушност биле нормални.

Групацијата „Монаш ИВФ“ потврди дека постигнала спогодба преку медијација, но не призна вина.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Објавено пред

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска за руската државна агенција ТАСС изјави дека не размислувал за оставка и дека нема да ја напушти Република Српска.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш нема да поднесам оставка под притисок. Ќе ја напуштам политичката сцена само кога граѓаните на Република Српска ќе одлучат дека е време да си одам“, изјави Додик, пренесуваат сараевските медиуми.

Тој додаде дека „сигурно нема да ја напушти РС“, бидејќи, како што рече, „има сè – неговото семејство и неговите најблиски“.

„Таму се чувствувам добро“, истакна Додик, додавајќи дека е посветен „да се залага за Република Српска и да се бори за секој нејзин агол“.

Тој рече дека властите на РС „не се милитаристи, ниту се бунтовничка група и нема од што да се плашат“.

„Законот е на наша страна и се врши очигледна и широко распространета злоупотреба од политичарите во Сараево, особено оние босански муслимани кои се посветени на политичкиот ислам, кој тие го промовираат на овие простори веќе три децении“, рече Додик.

За Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, по налог на Судот на Босна и Херцеговина е издадена внатрешна потерница, бидејќи тие се под истрага за напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

На 26 февруари, Додик во прв степен беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција за кривичното дело неисполнување на одлуката на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп дополнително ги зголеми царините за Кина

Објавено пред

Белата Куќа потврди дека вкупната царина за кинески стоки сега е 145 отсто и дека стапката стапува во сила веднаш.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, вчера објави дека царините против Пекинг ќе се зголемат на 125 отсто, како одговор на, како што тврди, нефер кинеските трговски практики.

Сепак, Белата куќа денеска појасни дека бројката не ја вклучува постојната царина од 20 отсто, што Трамп ја наметна во првите недели од неговиот втор мандат.

Вкупната стапка од 145 oтсто е над сите други тарифи што беа во сила пред враќањето на Трамп во Белата куќа, кои се разликуваат според типот на производот.

Вчера Трамп ги паузираше повеќето од своите глобални царини, воведувајќи стандардна стапка од 10 отсто на увозот од речиси сите земји. Главен исклучок, се разбира, останува Кина, која и возврати на Америка со тарифна противмерка од 84 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...

Топ1 час

„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол...

Македонија5 часа

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...

Македонија6 часа

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со...

Македонија8 часа

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија9 часа

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија10 часа

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија12 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија13 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија13 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет14 часа

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет14 часа

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет14 часа

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...

Свет14 часа

Америка тврди дека го почитува суверенитетот на Панама во Панамскиот Канал

Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Панама во Панамскиот канал, изјавија панамскиот министер Френк Абрего и американскиот министер Пит Хегсет...

Свет15 часа

Трамп: Кинескиот претседател е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително...

Свет15 часа

Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои...

Свет23 часа

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден...

Свет1 ден

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина. „Врз основа...

Свет1 ден

Германија го укинува забрзаното доделување државјанства, го ограничува и бројот на работници од Западен Балкан

Денес формираната владејачк црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже...

Македонија1 ден

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...