Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа меѓу три возила на автопатот Тетово – Гостивар, повредени пет лица, од кои едно потешко

Вчера, во 9.40 часот, било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (26) од с. Боговиње, патничко возило „фиат пунто“, управувано од Н. Г. (41) од с. Градец, и патничко возило „сеат леон“, управувано од Ч. З. (28) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот од возилото „голф“, Г. И. (50), од с. Боговиње, а други четири лица од возилата добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.
Полицијата соопшти дека бил извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.