Македонија
Со 6.000 единки крап и пастрмка порибена акумулацијата „Стрежево“
Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП „Стрежево“ – Битола, Методија Граматковски, учествуваше во порибувањето на водите на акумулацијата „Стрежево“ со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот.
Локацијата на порибувањето беше браната „Стрежево“ (крајбрежниот појас во близина на командната зграда и шахтниот преливник на акумулацијата „Стрежево“). Порибувањето се реализира со подмладок од крап со единечна маса од 50 до 800 грама и пастрмка со единечна маса од 10 до 70 грама. Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар „Акватика“.
„Ние како ресорно министерство постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територијата на целата држава водејќи грижа за континуирано унапредување на рибараството и аквакултурата во државава. Неодамна успешно завршивме проект финансиран од ЕУ – ‘Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија’. Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ туку и за целата држава бидејќи со резултатите на проектот одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со тоа на ЕУ за Поглавјето 13 – Рибарство, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија“, изјави Николовски.
Министерот искажа задоволство од работата на ЈП „Стрежево“, од каде што покажаа дека во досегашниот период ја оправдаа довербата за управување со водите на акумулацијата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд преку редовно порибување.
„Јавното претпријатие ‘Стрежево’ со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки, кои денеска ги пуштивме во водите на ‘Стрежево’. Ние како концесионер постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата ‘Стрежево’. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови риби, како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност“, изјави директорот Граматковски.
„Стрежево“ плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортскиот риболов, како и развојот на аквакултурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

