Црна хроника
Скопјанец грабнат и одведен во куќа на Бит Пазар, го натерале на нотар им препише стан поради долгови

Маж бил грабнат и натеран да потпише договор за да препише негов стан, поради нерасчистени должничко-доверителски односи.
„На 28.06.2023 во 11.45 часот во СВР Скопје, Џ.Б.(46) пријавил дека околу 07.00 часот, на раскрсница од ул. „Никола Карев“ со ул.„Македонско-косовска бригада“ неколку лица од кои едното го познавал, со закана го однеле во куќа на подрачјето на Бит Пазар, по што физички го нападнале, а потоа го натерале на нотар да потпише договор за да препише негов стан на едно од лицата. Според пријавеното, причина биле нерасчистени должничко-доверителски односи“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уште една измама со лажна сообраќајна несреќа, 77-годишна скопјанка измамена за 180.000 денари

Вчера во 17:45 часот во полиција, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари.
Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен маж од Македонска Каменица поради семејно насилство

Полицијата синоќа го привела 51-годишниот Г.А. од Македонска Каменица.
Приводувањето следело по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга, соопшти МВР.
Информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пронајден починат маж во дворот на куќа во Драчево

Во полицијата, вчера било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат 68-годишниот Љ.Т. од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека бил извршен увид.