Регион
„Блиц“ открива: Момчето убиец е под 24-часовен полициски надзор во изолирана просторија
Убиецот, кој на 3 мај уби деветмина свои врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“, полицијата го обезбедува 24 часа во затворена психијатриска установа за да не се повреди себеси или другите, но и за тој да не биде нападнат, дознава „Блиц“.
Според информациите, полициски службеници од разни единици по 12 часа наизменично го обезбедуваат момчето убиец, кое изврши масакр во училиштето.
Момчето времето го поминува само, во посебна изолирана просторија, без телефон, телевизор, лаптоп.
„Апсолутно нема можност некој да го види или да комуницира со некого, освен лекарите и медицинскиот персонал, кои официјално разговараат со него“, вели изворот на „Блиц“.
Во моментот кога го изврши злосторството, немаше уште 14 години, момчето што влезе во историјата како најмладиот масовен убиец во светот не можеше да биде приведен, туку единствен начин е да биде изолиран, т.е. отсечен од светот, па затоа беше сместен во затворена здравствена установа.
На Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци во изминатите два месеца беа извршени разни психолошки прегледи со цел експертите да се обидат да навлезат во умот на момчето убиец, меѓу другото, да се обидат да разберат што го мотивирало да го изврши страшното злосторство, но и дали давал знаци што требало да ги забележат луѓето од неговата најблиска околина.
Вишиот суд во Белград пред неколку дена го наведе имотот во сопственост на семејството на момчето убиец и привремено им забрани да го продаваат или да го дадат. Како што дознава „Блиц“, судот утврдил дека семејството поседува вкупно 4 стана, гаражен простор, дел од деловниот простор и еден автомобил.
М. К и В. К., мајката и таткото на 13-годишното момче убиец, на секој начин се обидуваат да го заштитат својот имот, со тоа што одат кај нотар за да го префрлат, односно да му го дадат на роднина.
Како што претходно напиша „Блиц“, адвокатот на семејствата на убиените деца поднел барање до Вишиот суд да му забрани на таткото на момчето убиец да располага, да ги отуѓува недвижниот и движниот имот што го поседува, а кој вклучува стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и автомобил.
М. К., мајката на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“, била сопрена кога се обидела со ќерката да ја напушти Србија.
Како што напиша „Блиц“, мајката на момчето убиец се обидела да ја напушти државата преку граничниот премин Прохор Пчињски, но полицијата ја привела.
За потсетување, против мајката кон крајот на минатиот месец беше поведена истрага поради основано сомнение дека пред злосторството го запоставила и малтретирала момчето убиец. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, ѝ се заканува затворска казна до три години.
Првото основно јавно обвинителство во Белград на 23 мај соопшти дека на полицијата ѝ било наредено да собира информации за мајката на момчето.
Тогаш на Градскиот центар за социјална работа му беше наложено да изврши дијагностичка процена на функционирањето на семејството на момчето и да поднесе пријава до Обвинителството, како и да утврди дали споменатото семејство претходно било во евиденцијата на тој орган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

