Македонија
МВР со детали: Со Тодоровиќ уапсени уште четири лица, сомневањата се за перење пари и злоупотреба на службената положба

МВР соопшти први детали за апсењето на ексградоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, заедно со уште четири лица.
„Вчера, во попладневните часови и во текот на вечерта, од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени од слобода се пет лица во врска со чл. 273 ст. 5 и чл. 353 ст. 5 од Кривичниот законик“, велат од МВР.
Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Како што дознава „Макфакс“, ќе се бараат мерки за обезбедување присуство, а засега не е познато дали тоа ќе биде притвор, куќен притвор или одземање патна исправа.
Поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, од ВМРО-ДПМНЕ е уапсен под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција закажа прес-конференција за постапувањето по предметот за проектот.
Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.