Спорт
Новиот прволигаш Воска ги почна подготовките за дебитанската сезона во елитата

Новиот македонски фудбалски прволигаш Воска спорт со нов тренер, црногорскиот стратег Миљан Радовиќ, ги започна подготовките за сезоната 2023/24 во која ќе дебитира во елитата.
Првиот дел од подготовките ќе се реализира во Охрид, а потоа ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари.
На првиот собир беа присутни четирите нови засилувања, Фати Исмаили, Никола Стијеповиќ, Алекса Марушиќ и Никола Шаркоски, но и најголем дел од играчите од минатата сезона, со кои Воска го постигна најголемиот успех во историја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Телевизијата на Реал пред финалето со Барселона „удри“ по судијата Бенгоечеа
Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Купот на Кралот. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја ќе го има најголемиот ривал, Барселона.
На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу три и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо Де Бургос Бенгоечеа.
Во видеото се анаизираат ситуацијии од минатото кога гореспоменатиот судија ја делел правдата на натпреварите на „Бланкосите“. Во коментарот се потенцира дека Бенгоечеа секогаш судел против Реал.
„Тој е човек на кого ФИФА и УЕФА никогаш сериозно не сметале. Но, во Шпанија, да. Надвор од нашата земја, тој е неважен судија, но и покрај ова, тој ќени суди трет пат во финалните натпревари против Барселона, по Суперкуповите во 2017 и 2023 година“, објаснува видеото.
Клипот продолжува со споредување на процентите на победи на Реал Мадрид и Барселона кога суди Бенгоечеа. Реал има забележано 64 проценти, а Барселона 81 процент од победите во натпреварите што ги судел баскиски судија, а во видеото се споменува и дека Бенгоечеа е „човекот што ја работи работата“ на Луис Медина Канталехо и Карлос Клос Гомес, моменталните шефови на судиите во Шпанија.
Во видеото се дискутира и за ситуацијата од последното „Мадрилењо“ во првенството и пеналот досуден за Атлетико.
„Неверојатно е што процени во таа акција. Само двапати ги погледна снимките од ВАР, и тоа од агли од кои не може јасно да се види што се случило. Така изгубивме два бода.“
Од Реал потсетуваат дека Бенгоечеа не го санкциониран играчот на Еспањол кога му удрил шамар на Фран Гарсија, како и дека на средбата од минатата сезона помеѓу Хетафе и Реал „не досуди два чисти пенали по прекршоците врз Винисиус и Браим Дијас, ниту пак ги исклучи играчите на Хетафе од игра по острите стартови“.
Клипот заврши со контроверзни ситуации од натпреварот Севилја – Реал, кога Рикардо Де Бургос на реал му поништи два гола во рок од девет минути, првиот на Џуд Белингам поради офсајд, а „потоа го запре контранападот кога му рече на Лукас Окампос да стане. Исто така не досуди пенал по стартот на Хесус Навас над Винисиус кон крајот на првото полувреме“, се жалат од Реал.
El NUEVO VIDEO de RMTV sobre De Burgos Bengoetxea es BRUTAL, uno de los PRINCIPALES árbitros Negreira.
🚨 MÁXIMA DIFUSIÓN A ESTE VIDEO 🚨 pic.twitter.com/NMi9pK5Lde
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) April 24, 2025
Спорт
Кејлор Навас: Барселона ме бараше кога се повреди Тер Штеген

Кејлор Навас се поврзуваше со Барселона кон крајот на минатата година кога Каталонците бараа голман откако Марк-Андре тер Штеген заработи сериозна повреда. Искусниот голман реши за прв пат да проговори на оваа тема.
„Дали Барселона ме контактираше кога Тер Штеген се повреди? Да, тие го контактираа мојот менаџер кој ме информираше дека има интерес да ме доведат. Тоа беше голем комплимент за мене, но и комплицирана ситуација“, вели Навас и продолжува.
„Доколку Флорентино Перез ме повикаше, со пливање ќе дојдев од во Мадрид од Костарика. Реал е посебен за мене, да ме прашаа ќе ја завршев кариерата таму.“
Костариканецот пристигна во Реал Мадрид во летото 2014 година од Леванте и остана пет години, освојувајќи сè што можеше со „кралскиот клуб“.
Сепак, кога ја изгуби позицијата прв голман во летото 2019 година, тој се пресели во ПСЖ. Тој бранеше и за Нотингем Форест, а во првиот дел од сезоната беше без клуб откако истече договорот со клубот од Париз.
Сепак, 38-годишниот голман се врати на сцената претходно оваа година кога потпиша за аргентинскиот Њуелс Олд Бојс.
Спорт
Дрес на Коби Брајант продаден за седум милиони долари

Дресот на Коби Брајант во предсезоната и дебито во регуларната сезона со Лос Анџелес Лејкерс беше продаден за седум милиони долари на аукција во „Сотбис“ во Њујорк, објави аукциската куќа.
Дресот се совпаѓаше со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996/1997, вклучувајќи го неговото деби во предсезоната на 16. октомври и дебито во регуларната сезона на 3. ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА.
Со цена од седум милиони долари, овој дрес е четвртиот најскап користен спортски дрес, зад дресот „call shot“ на Бејб Рут (24 милиони долари), дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година (10,1 милион долари) и дресот на Диего Марадона од Светското првенство во 1986 година, кој беше продаден за 9,3 милиони долари.
„Првите натпревари се навистина уникатни моменти во кариерата на еден спортист“, рече раководителот на одделот за модерни колекционерски предмети на „Сотбис“, Брам Вахтер, во изјава за ESPN.
„Тие го означуваат почетокот на едно извонредно патување, а за легендарни спортисти како Коби Брајант, овие пресвртници имаат уште поголемо значење бидејќи претставуваат уникатен момент во времето што никогаш повеќе не може да се повтори.“
Оваа продажба ги надмина 5,85 милиони долари што беа платени за неговиот потпишан дрес што го носеше на натпреварот кога беше прогласен за МВП во сезоната 2007/2008.
Петкратниот шампион во НБА, Брајант, загина на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година, во која загинаа и неговата ќерка Џана и уште седум други лица.