Контакт

Македонија

Ковачевски: Со конкретни мерки направивме економска пресвртница

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, на седницата за пратенички прашања во Парламентот порача дека оваа Влада како ниедна досега се фокусира и презема конкретни чекори во насока на развој на претприемништвото, економијата и бизнис секторот.

dobivaj vesti na viber

„Преку сет на економски мерки, во услови на Ковид криза, како и светска економска и енергетска криза успеавме да ги задржиме работните места, да ја обезбедиме ликвидноста на компаниите и да го стабилизираме пазарот. Направивме сè невработеноста во време на криза да се намали за 8%, а вработеноста да се зголеми за 9,5% и тоа е економски резултат изразен преку факти којшто ја потврдува успешноста на политиките во делот на зачувувањето на работните места“, посочи премиерот Ковачевски, кој нагласи дека Владата направи економска пресвртница.

„Меѓутоа, таа економска пресвртница не беше направена само со помош на странските инвестиции како што беше во минатото, туку напротив беше направена со поддршка на домашните компании и нивните инвестиции што е случај со оваа Влада. Ние препознавме можност домашните компании да растат со цел да имаат стабилен деловен амбиент кој го создаваме и преку поволности коишто се наменети и за домашните компании што повторувам не беше случај во минатото. Создадовме стабилна бизнис клима каде наместо страв од клуч на врата во едни не така далечни времиња, сега владее клима на взаемна доверба и партнерски однос меѓу Владата и компаниите коишто се застапени или на ниво на Стопански комори или на ниво на здружение на работодавци“, рече премиерот Ковачевски.

Тој нагласи дека минатата година Владата обезбеди највисока финансиска поддршка и тоа за најголем број компании во изминативе пет години.

„2022 беше рекордна година по висината на исплатениот износ за финансиска поддршка, како и на број на поддржани компании. Само за една година беа исплатени 23 милиони евра кон компаниите кои имаат договори според Законот за финансиска поддршка на инвестициите реализирани во текот на 2021 година. Со овие средства беа поддржани 410 производствени компании, што е двојно повеќе од 2021 година или повеќе од пет пати во споредба со 2018 година, кога биле поддржани само 73 компании“, предочи премиерот Ковачевски, додавајќи дека сумата од 23 милиони евра исплатена лани е двојно поголема сума во споредба со 2021 година или седумкратно повеќе во споредба со 2018 година кога е донесен Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Набројувајќи ги сетот на мерки за финансиска поддршка на компаниите, премиерот Ковачевски истакна дека со Законот за финансиска поддршка на инвестиции се стимулира развојот на нашите домашни компании, кои претходно биле во втор план поради тоа што пред Законот државна помош се доделувала преку индивидуални договори за државна помош, главно на поголеми инвестициски проекти на странски директни инвеститори.

Премиерот најави дека поддршката за компаниите врз основа на овој закон ќе продолжи и во текот на 2023 година, со очекувања да се надмине бројката за финансиска помош од 2022 година.

„Минатата 2022 година ќе биде запаметена и по тоа што ја заокруживме со над 750 милиони евра странски директни инвестиции и отворени над 2.300 нови работни места со натпросечни плати коишто се исплаќаат во овие компании што значи дека за пет години ја надминавме бројката од 17.000 вработени и се вработени 10.000 нови работници во индустриските развојни зони. Ги помогнавме компаниите, создавајќи конкурентни работни места, со плати над просечната. Овозможивме раст на минималната и просечната плата, со тоа и раст и на пензиите, што резултира со зголемување на животниот стандард на граѓаните. Покажавме висок степен на одговорност со тоа што предвидовме најголем пакет антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра, најголем од сите земји во регионот според Светската банка“, посочи премиерот Ковачевски.

Премиерот заклучи дека Владата успеа да им помогне на компаниите, постигнувајќи највисока минимална плата во историјата на државата од над 20.000 денари и покачување на просечната плата од 600 евра, а го спомена и зголемувањето на пензиите.

„Пензиите со новото зголемување коешто ќе го добијат пензионерите во септември ќе бидат зголемени за 25% за една година. Вакво зголемување немало никогаш до сега. Зошто е тоа така? Бидејќи финансиските средства од буџетот се инвестираат во продуктивни цели, се инвестираат во потребни инфраструктурни проекти, се инвестираат во поддршка на странски директни инвестиции, се инвестираат во поддршка на домашни инвестиции, се инвестираат во поддршка на отворање на работни места, во поддршка на зголемување на платите на постојните работни места, се инвестираат во развој на нови технологии, во развој на нови производи и во зголемување на извозот. Сето тоа влијае на економскиот развој и на економскиот раст во државата. Тоа е начинот на кој ќе продолжиме и тоа е начинот на кој треба да се развива македонската економија“, истакна премиерот Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Македонија

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Објавено пред

Фото: СДСМ

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники. Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи“, кажа денеска на прес-конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, кои се лекарите, кои се приватните клиники. Се крие од јавноста кој од докторите дал индикации за операциите. И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава. Не може злоупотреба на здравствената професија за профит на поединци вака да се третира. Што се чека? Како некој да се обидува да го заташка овој монструозен случај. Дали некому му се дава време да ги сокрие трагите, да „исчисти“ документи?“, рече Младеновска.

Таа посочи дека „вакво однесување е неспоиво со одговорна, транспарентна и сериозна држава“.

„Емоцијата на скандалот е поголема од бројките затоа што станува збор за човечки животи. Зборуваме за луѓе кои преживеале пекол а сега дознаваат дека нивната операција била непотребна. Дека некој ги гледал како профит, како средство за нечие богатење. Не може вакви скандали да се заташкаат.СДСМ ќе се бори за објавување на целата вистина и за одговорност“, истакна Младеновска.

Упати неколку барања:

„1.Итно јавно објавување на извештајот, во фазата во која се наоѓа, без доработки и без прикривање.

2.Објавување на сите имиња на доктори кои дале индикација за операциите. Ова е клучно за понатамошната разврска на случајот.

3.Објавување на имињата на сите приватни клиники и субјекти вклучени во процесот и носењето одлуки

4.Веднаш поднесување кривични пријави без никакво одложување.

5.Психолошка и правна поддршка за пациентите и за семејствата кои поминале низ овој кошмар“.

„Ова е тежок скандал кој мора да биде третиран со максимална транспарентност и максимална одговорност. Јавноста ја заслужува целата вистина. Секој што учествувал во овој монструозен синџир мора да одговара“, заклучи Младеновска.

Прикажи повеќе...

Македонија

АХВ спроведе засилени контоли кај операторите со храна во близина на училиштата

Објавено пред

Фото: архива

Во рамки на 445 инспекциски контроли спроведени во последните десетина дена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна, додека 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи беа запленети и уништени, соопшти АХВ.

dobivaj vesti na viber

Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.

Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.

„16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“, стои во соопштението на АХВ.

За утврдените неправилности, АХВ изрече парични казни за 77 оператори во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија за отстранување на недоследностите и 23 опомени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Објавено пред

Фото: архива

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни...

Свет59 минути

Украина зимава ќе увезува гас од Грција

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир...

Свет2 часа

(Фото) Блокирани руски воени возови: групата „Атеш“ изврши прецизни ракетни напади

Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани...

Економија3 часа

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како...

Свет3 часа

(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица

На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се...

Европа3 часа

Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти

Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот...

Македонија21 час

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија23 часа

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија24 часа

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...

Македонија1 ден

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија1 ден

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија1 ден

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија1 ден

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија1 ден

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија2 дена

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија2 дена

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ2 дена

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија2 дена

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија2 дена

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...