Македонија
Тренчевска: Предизвиците со кои се соочуваме ги решаваме преку дијалог
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски, како и со дел од вработените во центрите за социјална работа. Средбата беше одржана во пресрет на утрешниот најавен протест од страна на синдикатот. Фокусот на разговорите на средбата беше во насока на барањата за покачување на платите на вработените, регресот за годишен одмор, како и бенефицираниот стаж.
Тренчевска на средбата посочи дека Синдикатот е веќе информиран дека за барањата, кои повторно се тема на дијалог, односно покачувањето на платата и регресот, се веќе прашања на кои се работи. Таа истакна дека со измена на законот во основната плата ќе влезе и минималната плата, а во однос на прашањето за регресот за годишен одмор веќе е дискутирано дека оваа година ќе има исплата.
Информира и за работата на проектот за подобрување на социјалните услуги, каде што е предвидено во рамките проектот да се изготви решение за бенефицираниот стаж и дека и тоа треба да биде реализирано.
Министерката истакна дека протестите се легитимно право, но дека предизвиците се решаваат само преку дијалог. Таа посочи дека интересот на вработените во системот за социјална заштита за неа е приоритет. Министерката рече дека секогаш е подготвена да ги сослуша барањата на работниците и дека само преку дијалог може да се дојде до вистинско решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

