Македонија
Тренчевска: Активноста на младите води до прогресивни промени

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, оствари средба со Сојузот на извидниците.
Средбата беше во пресрет на активностите што министерката во следниот период треба да ги реализира за охрабрување на младите за поголемо учество во општествените процеси, како и за вклучување на што поголем број на млади во активности кои се поврзани со спортот, истражувањето и креативноста, кои позитивно ќе влијаат на нивното ментално здравје.
Од страна на претставниците на Сојузот информираа дека постојат веќе 70 години и дека секоја година традиционално организираат смотра, која ги заокружува нивните активности.
На средбата беше разговарано за идна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на извидниците.
Според она што беше дискутирано, соработката треба да биде во насока на мотивирање и охрабрување на младите да бидат поактивни фактори во општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Градоначалниците од СДСМ, Герасимовски и Христовски ќе бидат во трката за нов мандат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата веќе работи на подготовките за претстојните локални избори, со јасни критериуми за избор на коалициски партнери и кандидати за градоначалници.
Тој информираше дека СДСМ веќе има потврдени коалициски партнери во рамки на постојната коалиција и дека се работи на консолидација на советничките листи.
„Веќе имаме потврдено коалициони партнери во рамки на веќе постојната коалиција за локалните избори работиме на консолидирање на советничките листи, и за двајца градоначалници сме веќе прилично сигурно дека ќе трчаат на локаните избори и тоа се сегашни актуелни градоначалници на општина Центар, Горан Герасимовски и на Крушево, Томе Христовски“, изјави претседателот на СДСМ.
Филипче истакна дека сè уште немал средба со Арбен Таравари, но дека е отворен за разговор.
„Доколку партнерот којшто го бараме за локалните избори, како политичка партија е партнер со којшто ќе изградиме прво однос на доверба, понатаму соработка којашто ќе значи остварување на програмата којашто ќе биде дадена на локалните избори и взаемно почитување на политичкиот субјект, тогаш тоа ќе биде начинот на којшто ние ќе ги идентификуваме нашите коалициони партнери“, истакна Филипче.
Македонија
Филипче сака на лидерска да се разговара за реформите и националните интереси, ќе предложи агенда в понеделник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека в понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.
„Јасни се пораките од ЕУ. Сите укажуваат дека патот по кој треба да се движиме е јасен. Додека чекаме и не правиме ништо, сè што се случува е само губење на време. Младите тоа го гледаат и го доживуваат како дополнителен стимул за побрзо иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа својата иднина во Македонија ако не направиме ништо за да го откочиме евроинтегративниот процес и заеднички да работиме на унапредување на многу сфери во нашата земја, што ќе го направи животот подобар и поквалитетен“, истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Филипче рече дека тој и Социјалдемократскиот сојуз често се иницијатори на заеднички средби и разговори за теми од национален интерес, за кои е потребен национален консензус.
„Многу пати иницираме и работа на конкретни теми. Инициравме заеднички средби за реформската агенда и за постигнување консензус околу тие прашања“, рече Филипче.
Сепак, и покрај конструктивниот пристап и учеството во работните групи за клучни закони – како што е Законот за енергетика – Филипче смета дека Владата во последен момент поднела амандмани спротивни на европските стандарди.
„За жал, добро започна работата со Законот за енергетика, но во последен момент Владата даде амандмани кои се целосно спротивни на вредностите што ги промовира Европската Унија. Со тие амандмани, во регулаторните тела ќе влегуваат лица кои претходно работеле во индустрии што биле под надлежност на истите регулаторни тела. Тоа не постои никаде во Европа“, оцени Филипче.
Претседателот на СДСМ очекува продолжување на работата на реформската агенда, особено во делот на правосудството. Тој нагласи дека експертите номинирани од СДСМ ги дале своите мислења за предложените закони, но досега не добиле никаков одговор. Сепак, тој повтори дека СДСМ останува подготвен да работи заеднички за доброто и напредокот на државата.
Македонија
Длабока тишина и солзи на улиците во Кочани: родителите со фотографии од загинатите деца на „Маршот на ангелите“

Во Кочани почна „Маршот на ангелите“ кој го преводат родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во атмосфера на длабока, долга и гласна тишина тие чекорат низ улиците, во рацете држејќи фотографии од своите деца и барајќи неслективна правда. Кон протестот се приклучија голем број граѓани, а поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз до градот.
Маршот почна од Паркот на Револуцијата и продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.