Македонија
Спец касата во УБК донесе нови затворски казни: шефот кај Мијалков доби шест, благајникот четири години

На повторно судење за предметот „Спец каса во УБК“ досудени се затворски казни за сите обвинети. Тони Јакимовски кој е ексначалник во УБК и шеф во кабинетот на тогашниот директор Сашо Мијалков – доби шест години затвор. Вработен во УБК, благајник за т.н. спец каса, Стево Маџовски доби повторно четири години. Приправничката Кристина Јосифовска која претходно беше ослободена од вина, сега доби три години затвор.
Пресудата ја изрече Софче Гаврилова-Ефремова, судијка која е наследничка на предметот откако пресудата беше укината и предметот беше вратен на повторно судење. Според процените биле злоупотребени околу 820 000 евра, кои сега, тројцата обвинети треба да ги вратат назад во буџетот. Обвинителката Ивана Трајчева и тројцата обвинети имаат право на жалба за пресудата до Апелација.
Трајчева пред Кривичен докажа дека десет години, од 2007 до 2017 година, 172 пати, тројцата неправосилно осудени, за кои поднесувале барања и признаници за износите. Но, документацијата била уништувана – како евиденциите за потрошените средства, така и документите за исплата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.