Македонија
Со „Бела, чао“ судските работници протестираат пред Кривичен: процентот не се качува еднакво за сите
Членови на Независниот синдикат за судска служба на Македонија повторно излегоа на штрајк бидејќи повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на платата.
Тие им порачаа на функционерите „Европски плати за вас, а за нас нема додатоци ни 25 %“. Протестот почна со песната „Бела, чао“, која се користи како химна на слободата и отпорот.
„За вас сте мајка, за нас маќеа“, им порачаа судските работници на надлежните.
Членовите на овој Синдикат ги исвиркаа надлежните, од кои очекуваат да им ги исплатат додатоците.
„Не се крева процентот на сите еднакво, процентот“, порачаа тие.
Целта на судските работници е да добијат, како што велат, европски плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји ќе трчаат на маратон утре во Скопје
Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи утре, а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, в недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.
Како што соопштија организаторите на маратонот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.
Поточно, в недела, 06.10.2024, започнувајќи од 03:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен од Градска Болница, сѐ до Палома Бјанка, а целата патека се затвора исто во недела, 06.10.2024, од 06:00 часот.
Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Локација за старт на сите трки e Собранието. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка Црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст.
Македонија
Денес облачно време со повремени врнежи од дожд
Времето ќе биде променливо облачно со повремено врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Македонија
Денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд