Македонија
Бизнис-заедницата бара повлекување и запирање на предлог-законот за данок на солидарност
Во врска со предлогот-законот за данок на солидарност, Стопанската комора на Северна Македонија изминатиот период во континуитет укажува дека носењето вакво законско решение за измината фискална година (конкретно за 2022 година), создава несигурност кај постојните и кај потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се залагаме како застапувачи на интересите на бизнис-заедницата во земјата.
Стопанската комора на Северна Македонија, која ги застапува компаниите што создаваат половина од вкупниот приход во приватниот сектор, компании што генерираат речиси половина од нето-добивката во приватниот сектор и компании што вработуваат повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор, уште еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на предлог-законот за данок на солидарност и укажава на следното:
Селективен пристап затоа што се опфатени само поголемите компании, кои остваруваат приход поголем од 615.000.000 денари;
Се врши даночење на добивката што ја оствариле компаниите независно дали таа е резултат на пазарните услови (остварена екстра-добивка поради движења на пазарите на енергенти или други причини што довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување нови пазари и сл.;
Дестимулирање на успешните компании, кои се инвестициски ориентирани, односно во неповолна положба се доведуваат компании што инвестирале во претходните години.
Ефектот што се очекува од неговата примена во смисла на обезбедување дополнителни средства во државниот буџетот може да изостане за делот на добивката на компаниите што се корисници на државна помош од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот.
Ваков данок, кој се носи ад хок, во втората половина на деловната година создава несигурност кај постојните и кај потенцијалните инвеститори.
Во таа насока Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата на РС Македонија да го повлече предлог-законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најмногубројна бизнис-асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата на РС Македонија дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета отколку добро.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

