Македонија
(Видео) Ганиу од „огнените“: Никогаш не ни било во план отворање нова партија, целта ни е да дејствуваме внатре како фракција
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истакна дека информациите за внатрешна фракција меѓу т.н. огнена група ги добил преку медиумите. Тој изјави дека луѓето од фракцијата на ДУИ се на одмор, а завчера остварил контакт со Беџети и дека заедно се координирале за состојбите.
Ваквата изјава следува откако деновиве во јавноста имаше информации дека челниците на огнената група, Изет Меџити и Блерим Беџети, се во политичка војна поради тоа што наводно Меџити пропагира „огнените“ да расчистат со ДУИ и да формираат свое движење или партија, а Беџети смета дека како фракција треба да ја продолжат битката за реформирање на ДУИ.
На прашањето дали фракцијата планира да отвори нова партија, Ганиу со одговор дека никогаш тоа не им било во план, туку нивната цел е од внатре да дејствуваат како фракција и да функционираат.
Внатрепартиските избори на ДУИ, кои се одржаа минатиот викенд, според Ганиу, се нелегитимни.
„За нас е нелегитимно, ние имаме по седум члена и сите заедно заклучивме дека тоа е надвор од статутот. Во статутот не е предвидено еден член – еден глас. Таа важи само за претседателот на партијата, а не важи за другите. Партијата не го повика Извршниот совет и продолжи така да функционира без амин од внатрешните органи, кои алудирале дека ова е нестатутарно. Ние не учествувавме во ова бидејќи сè беше изрежирано. Најавија две-три илјади гласа, а не знаеме дали излегоа околу 400. Тоа покажува дека процесот е фиктивен, а не природен“, посочи Лога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

