Македонија
СДСМ: Наместо да повика на одговорност, Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ
Последниот случај „Феникс“, во кој се осомничени највисоки поранешни функционери на ДПМНЕ за злоупотреба на 57 милиони евра, уште еднаш го потврди криминалот преку „Скопје 2014“, велат од СДСМ.
„Скопје 2014 е најголемата пералница на пари на ДПМНЕ. Но, тоа е само дел од криминалот на оваа партија. Бројни судски пресуди со долгогодишни затворски казни, стотици осудени сегашни и поранешни функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение се дел од криминалот кој институционално е потврден од надлежни судови“, соопштуваат од СДСМ.
„Дури Белата палата, седиштето на ДПМНЕ е криминално стекната, врз грбот на граѓаните. Но, наместо Христијан Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи, низ законски постапки, наместо да побара одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.
Тоа покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска криминална партија“, се додава во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од општина Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на ул. Борис Трајковски 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и ул. Иван Козаров.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.( општина Кисела Вода ).
Македонија
Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата
Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Како што претходно информираа од ЦУК, девојчето вечерва паднало во дол кај манастирот Свети Илија над Струмица.
Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.
„По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.
Македонија
Во тек спасувачка акција во Струмица: се извлекува 16-годишно девојче кое паднало во дол
Спасувачките служби се обидуваат да извлечат 16-годишно девојче кое вечерва паднало во дол кај манастирот Свети Илија над Струмица.
Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.
„По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.
Во моментот се работи на нејзино извлекување.