Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи план, идната наша влада ќе почне решавање на проблемите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/mickoski-1.jpg)
„Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места од страна на 19 тима на ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав имаше 200 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Нотирани се 18.324 проблеми, најголемиот дел од кои директно зависат од централната власт, која 6 години е нема на барањата на народот“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.
„Повеќето од руралните места, но и градовите од внатрешноста, немаат добра инфраструктурна поврзаност помеѓу себе. Земјоделците немаат откуп за своите производи. Здравството е урнисано. Народот од секој дел од државата бара промени зошто е повеќе од сигурен дека со СДС и ДУИ може само полошо.
Народот бара решенија, но бара и одговорен пристап. Летово со дел од тимовите ќе посетам некои од населените места, кои веќе еднаш беа посетени во рамките на акцијата. Лично ќе ветам работа, одговорност и посветеност за секое едно населено место во државата и за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи план и стратегија и идната наша влада ќе почне решавање на проблемите за да се обезбеди подобра иднина за сите“, додава Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Talat.jpg)
Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада, која следниот викенд се очекува да биде сменета со новата влада предводена од Христјан Мицкоски.
Портретот на Џафери го насликал уметникот Едмонд Драми.
„Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!“, напиша Џафери на Фејсбук.
Македонија
Сончево и топло со температури до 35 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sonce.jpg)
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура
Македонија
Без вода дел од општина Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/voda-1.jpeg)
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во недела, на ден 16.06.2024 година, поради дефект на огрлица од ф – 80 мм на ул. Љубица Георгиева бр.3, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Љубица Георгиева. ( општина Карпош )
-поради три улични дефекти од ф – 80 мм ул. Девол – крак 2 и Девол – крак 11, како и ул. 1010 б.б, во периодот од 10.00 часот па се до отстранување на дефектите без вода ќе останат корисниците од ул. Девол, Девол – краци – 2 и 11, ул. 1010, како и дел од корисниците одул. Жданец. ( општина Карпош )