Македонија
ИСИЕ: Само 15 % од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи
Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ ги објави резултатите од студијата за процена на состојбите за постапување по пријави на укажувачи, транспарентност и отчетност на јавните претпријатија во Република Северна Македонија. Истражувањето беше спроведено во периодот од декември 2022 – април 2023 година преку проект поддржан од Амбасадата на САД.
Во рамките на оваа студија направена е анализа на механизмите за прием и постапување по пријави на укажувачи во рамките на јавните претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа во четири плански региони (Источен, Пелагониски, Полошки и Скопски Плански Регион) за периодот 2020-2022 година. Исто така, во рамките на истражувањето беа опфатени и јавните претпријатија основани од државата (Владата), а кои имаат седиште во рамките на општина во некој од наведените плански региони опфатени со истражувањето. Во оваа студија беа анализирани вкупно 44 јавни претпријатија, од кои обезбедени се податоци за 43 претпријатија, а од едно претпријатие не се добиени податоци. Исто така, во студијата беа опфатени 19 основачи (18 општини и Владата), од кои обезбедени се податоци од 17 основачи (16 општини и Владата), а од два основачи не се обезбедени податоци.
Студијата покажа дека само 15 % од 44 анализирани јавни претпријатија ги поседуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи, а истовремено само три од претпријатијата во период од 2020 до 2022 година примиле пријава од укажувач.
Дополнително, студијата забележа и ограничени човечки капацитети со оглед дека од 44 јавни претпријатија, само 19 од нив имаат назначено овластено лице за постапување по пријави на укажувачи. Слабости се забележани и во делот на интерните антикорупциски процедури и практики. Па, така, 23 јавни претпријатија немаат подготвено годишни планови за процена на ризици од корупција (или слични акти), 36 јавни претпријатија немаат акти за спречување судир на интереси и 37 јавни претпријатија немаат интерни акти за примање подароци на вработени во јавното претпријатие од трети лица.
Анализата на студијата е насочена кон оцена на: 1) техничките услови за постапување по пријави од укажувачи, кои се определени со правилникот за заштитено внатрешно пријавување во јавен сектор, 2) човечките капацитети што се на располагање на јавните претпријатија, 3) процедурите за постапување по пријава од укажувачи и 4) односот на јавното претпријатие со основачот (општина или Владата).
Наодите од студијата беа презентирани на посебни работилници организирани во Штип, Битола, Тетово и во Скопје во мај 2023 година, на кои присуствуваа претставници на општини и советници во општински совети и во Советот на Град Скопје, претставници на јавни претпријатија основани од општините, Градот Скопје и Владата и граѓански активисти. Студијата е достапна на македонски и албански јазик на интернет-страницата на ИСИЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

