Македонија
Ова лето со АНХОЧ сите ваши желби ќе бидат задоволени!

Ова лето со АНХОЧ сите Ваши желби ќе бидат задоволени!
Анхоч и ова лето со голема летна понуда на смартчасовници, слушалки, електрични тротинети, блутут звучници, акциони камери, игри, конзоли …. едноставно се што Ви е потребно за незаборавно искуство.
Движете се удобно и лесно и заборавете на сообраќајните гужви и пречки на патот со квалитетените електрични тротинети.
Добра музика на плажа во сопствена режија?
Тука се слушалките и звучниците во Анхоч, огромен избор на модели во различни дизајни и бои.
Создадете незаборавни спомени со акционите камери и снимете ги највозбудливите моменти од Вашиот одмор на планина, плажа или каде и да одите ова лето.
Или пак опуштете се со Nintendo Switch на плажа со една од омилените игри, сега со попуст во Анхоч.
Сето ова може да го зачините со стилски смартчасовник кој ќе го следи Вашето здравје со секој чекор.
Не пропуштајте го неверојатниот избор на Anhoch ова лето.
Посетете ги во најблиската продавница или порачајте онлајн и подгответе се за незаборавни летни авантури!
Задолжително погледнете ја комплетната понуда тука.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.