Свет
(Видео) Протекоа транскрипти од последната комуникација од подморницата Титан
Се појавија снимки од екранот на она што се верува дека е последната комуникација од подморницата Титан пред нејзиното трагично уништување.
Снимката наводно ги покажува последните зборови на член на екипажот на подморницата, веројатно шефот на OceanGate, Стоктон Раш, и тимот на матичниот брод Polar Prince, пренесува Indy100.com.
Документот предизвика загриженост, главно затоа што се чини дека патниците биле свесни дека има проблем со подморницата 18 минути пред разорната експлозија.
Додека автентичноста на тие транскрипти сè уште се доведува во прашање и оспорува, многумина велат дека содржината е веројатно вистинска со оглед на информациите што веќе ги дадоа експерти за Титан, вклучувајќи го и директорот на Титаник Џејмс Камерон.
Една корисничка на TikTok, која ја сподели снимката, рече дека не ја споделила само за лајкови.

„Чувствував дека ова е многу убедливо, без разлика дали документите се реални“, рече таа.
@theghostmoregirls #oceangate #titan #polarprince #titanic ♬ original sound – The GhostMore Girls
Дијалогот започнува во 7:52 часот, кога бродот им кажува на петте членови на екипажот на Титан дека се подготвени да се спуштат до потонатиот брод Титаник.
„Уживајте во вашето нуркање, господа“, им е кажано од „Polar Prince“, а потоа се упатени да извршат проверка на системот, по што добиваат зелено светло да продолжат.
„Сите системи функционираат нормално. Ние сме во добра форма. Продолжуваме со спуштање според планираното“, било соопштено во 8.34 часот.
Околу 15 минути подоцна било потврдено дека се е стабилно и дека спуштањето продолжува според планираното. По 75 минути спуштање, повторно им било кажано дека се е под контрола и да уживаат во возењето.
Но, само 10 минути после тоа, работите почнале да одат наопаку.
Според транскриптот, во 9:28 часот екипажот на Титан забележал аларм од системот за набљудување. Сите се согласиле дека треба да го напуштат спуштањето и да се вратат на површината. Сепак, искачувањето било многу побавно од очекуваното, а системот почнал да дава „целосни црвени предупредувања“.
Во 9.50 часот „Polar Prince“, наводно, рекол дека повеќе не добиваат комуникација од Титан и побарал ажурирање.
„Не те читаме. Одете до координатите за обновување. Кажете ни ако не слушнете’.
Преписот завршува во 9.57 часот со последната молба од бродот:
„Ве молам одговорете ако сте во можност“.
Во коментарите на ТикТок многумина ја изразија својата тага поради тоа низ што поминале петте патници на Титан.
„Знаеја дека се во неволја, замислете го тоа чувство на беспомошност. Слушањето на тие звуци сигурно било ужасно“, напишал еден корисник на таа социјална мрежа.
Сепак, овие транскрипти не се официјално потврдени, истакнува Indy100.com.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

