Свет
Монсунски дождови го парализираа Пакистан: oсум деца загинаа во лизгање земјиште
На северот на Пакистан осум деца загинаа во одрон додека играле крикет по монсунските дождови, соопштија денеска локалните власти.
Тие изјавија дека инцидентот се случил синоќа во областа Шангла и дека децата биле на возраст меѓу 12 и 15 години, пренесе „Ројтерс“.
Речиси 15 деца поставија терен за крикет во близина на карпа, која ги затрупа по дождот, изјави за британската агенција претставник на окружната единица за итни случаи, Санаула Кан.
„Локалните спасувачки тимови, на кои подоцна им се придружи и пакистанската армија, извлекоа осум тела по неколку часа“, рече тој.
Едно дете е тешко повредено, а другите се неповредени.
Друг функционер, Билал Кан, рече дека селаните први дошле на местото и дека биле од голема помош пред да пристигнат спасувачките тимови.
Обилните монсунски дождови и топењето на мразот во Пакистан минатата сезона предизвикаа поплави во планинските области на север, како и во јужните рамнини, при што загинаа повеќе од 1.700 луѓе, раселени се милиони и предизвикана е штета од милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад
Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал и Васко Саздовски од Македонија.
Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.
Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.
Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.
Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.
Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.
Регион
Ден на жалост во Србија и тридневна жалост во Нови Сад по загинувањето на 14 лица
Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.
Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.
Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.
Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.
Свет
Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави
Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот на Валенсија, пренесува Паис.
Тие се пријавиле да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добиле упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените.
Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“.