Забава
Нина Кравиц, „Лајбах“ и Констракта направија шоу во Скопје – дождот ја разубави атмосферата

Со настапите на „Лајбах“ и руската техно ѕвезда Нина Кравиц вчеравечер на стадионот на АРМ во Градски парк се отвори фестивалот Скопје колинг. И овој пат на фестивалот за сите генерации се собра многубројната публика која уживаше во музичко-визуелното шоу на словенечкиот бенд и на руската техно ѕвезда.
Постојана интеракција со публиката, овации, журка, пиво, вистинска атмосфера во светски стил. Ниту летниот дожд кој вечра врнеше не направи проблем и можеби само дополнително ја разубави атмосферата на стадионот.
Па така „Лајбах“ под дожд изгледаше магично, а настап имаа и Констракта, „Ниплпипл“, „Буч Кесиди. Руската техно ѕвезда ги собра сите овации и ја вжешти атмосферата.
Организатори се „Авалон“ продукција кои појаснија зошто оваа година нема да настапи ниеден домашен бенд.
„Прво сакавме да правиме дводневен фестивал, но немаше можност изведувачите да се поделат во два дела. Кога се одлучивме за еден ден, овие учесници веќе беа букирани за петок и немаше каде да се вметне уште некој во периодот од 21 до четири часот“, кажа Бобан Милошески.
А.Георгиев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот на шоубизот во 2025 година

Магазинот „Тајм“ ја објави листата на 100-те највлијателни луѓе во светот. На насловната страница тие ја претставија актерката Деми Мур како една од нив.
„Таа е личност која неколку пати поминала низ пеколот и развила начин на разбирање на светот кој и дозволува да ги поднесува ударите со рамнодушност. Нејзината филозофија е дека сите животни настани се случуваат за нас, а не против нас“, објаснија зошто актерката е на списокот.
Но, таа не е единствената. Подолу е листа на други познати имиња од шоубизот кои се најдоа на листата.
Највлијателните луѓе во шоубизот во 2025 година.
Скарлет Јохансон (актерка)
Снуп Дог (рапер, претприемач)
Ед Ширан (музичар, пејач, текстописец)
Кристен Бел (актерка, продуцент)
Адриен Броди (актер)
Блејк Лајвли (актерка, продуцент)
Розе (пејачка, член на BLACKPINK)
Никол Шерцингер (пејачка, актерка, ТВ лице)
Џон М. Чу (режисер, продуцент)
Даниел Дедвајлер (актерка)
Деми Мур (актерка)
Лорн Мајклс (продуцент, креатор на Saturday Night Live)
Ники Глејзер (комичар, ТВ лице)
Адам Скот (актер, продуцент)
Кристен Виг (актерка, комичар, сценарист)
Диего Луна (актер, продуцент)
Даниел Дае Ким (актер, продуцент)
Хиројуки Санада (актер)
Мохамад Расулоф (режисер, сценарист)
Хозиер (пејач, музичар)
Мајлс Смит (актер)
Јошики (музичар, композитор, продуцент)
„Тајм“ ќе ја претстави целосната листа на највлијателните луѓе во светот за 2025 година во Њујорк на самитот TIME100 на 23 април и TIME100 Gala на 24 април. Гала настанот ќе се емитува како телевизиски настан на 4-ти мај на ABC.
Говорници на еднодневниот настан ќе бидат: Меган, војвотката од Сасекс, актерката и продуцентка Деми Мур, ко-извршниот директор на Нетфликс Тед Сарандос, актерот и претприемач Рајан Рејнолдс и комичарката Ники Глејзер.
Забава
Србинка (која тврди дека е светска ѕвезда) стана вирална на „Тик-ток“ со танц

Српската пејачка Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, со години живее во Америка и тврди дека е светска ѕвезда.
Таа неодамна ја објави песната I Like It која сигурно сте ја слушнале на „Тик-ток“.
Песната стана вирална поради кореографијата, која Диди Џеј сама ја смислила.
@didijofficial " We are so the same but in a different things, you just want to fly but I have lost my wings, please don't hold me down I want to set you free, baby love is evil you will come back to me. Yeah I like it, like it, like it " 🖤
Дијана е родена во 1988 година во Белград. Во септември 2013 година се омажила за Даниел Роквиќ, 20 години постар од неа експерт по информатика, со кој има ќерка. Дипломирала на Универзитетот Мегатренд во Белград. Тврди дека зборува четири јазици: англиски, шпански, италијански и руски.
Дијана има објавено неколку песни на српски јазик, на кои, меѓу другите, соработувала и со Марина Туцаковиќ и Леонтина Вукомановиќ. Потоа почнала да снима песни на англиски јазик. Во јануари 2017 година, таа објави дует, Say No More, со раперот Шаги.
Во декември 2021 година, таа го издаде својот деби албум, Cover Girl.
Со над четири милиони следбеници на Инстаграм, Јанковиќ постојано беше обвинувана дека купува следбеници на социјалните мрежи.
Забава
Бред Пит се бори со нарушување што му го отежнува животот: „Луѓето не ми веруваат“

Бред Пит признал дека се срами затоа што не може да ги препознае лицата на луѓето, што довело до непријатни ситуации во неговиот живот.
Иако можеби мислите дека животот на славна личност како него е исполнет само со убави моменти, 61-годишниот актер тврди дека се бори со ретка состојба која јавноста не ја разбира целосно.
Актерот изјавил дека му ја отежнало дружбата со луѓето поради начинот на кој тие реагираат кога тој не ги препознава.
Пит претходно откри дека справувањето со нарушување наречено просопагнозија го прави да се чувствува засрамен, изолиран и погрешно разбран.
Наједноставно кажано, прозопагнозијата е слепило за лица. Поединците со оваа состојба не можат да разликуваат дали претходно виделе лице и кому му припаѓа, па затоа се потпираат на нивната фризура, глас, држење или облека за да ги препознаат луѓето што ги среќаваат. Во најтешката форма на прозопагнозија, луѓето не го препознаваат сопственото лице во огледалото.
Досегашните истражувања не покажуваат ветувачки наоди во врска со третманот на прозопагнозија со тренинг за препознавање лице, но еден начин да им се помогне на овие лица е да се укаже на можноста за користење на други карактеристики како висина, градба, облека, накит или глас за да се препознаат луѓето со кои се среќаваат и да се практикува оваа стратегија.
Бред Пит рекол дека луѓето не веруваат дека тој боледува од ова нарушување, што му го отежнува животот. Во интервју за Esquire, тој изјави: „Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Често ми велат дека сум егоист и вообразен. Но, тоа е мистерија за мене. Не можам да препознаам лица“.
Тој исто така призна дека не добил официјална дијагноза, но експертите рекоа дека покажува некои од знаците. Зборувајќи во 2013 година, Пит дури и призна дека се обидел со проактивен пристап една година каде едноставно ги прашувал луѓето каде се сретнале, но тоа не поминало баш најдобро.
„Во еден момент решив отворено да ги прашам каде се запознавме. Но, тоа само се влоши. Луѓето беа уште повеќе навредени“, рече тој. Тој исто така се пожали дека не сака да остави негативен впечаток или да создаде репутација дека е самобендисан или резервиран и дека едноставно сака да биде подобро разбран во јавноста.