Спорт
Егзодус во ПСЖ – 12 играчи на трансфер листата

Пари Сен Жермен, под новиот тренер Луис Енрике ќе прави целосна реконструкција на тимот. Прашање е само дали реконструкцијата ќе биде со или без Килијан Мбапе. Според француските медиуми, новиот тренер отпишал 12 фудбалери.
ПСЖ моментално има 30 играчи на располагање, премногу за планот што сака да го спроведе Луис Енрике и затоа многумина ќе бараат нови клубови. Идејата на клупските челници е со отпишаните да бидат раскинати договорите.
Последен кој се најде на сиспокот е Хуан Бернат, кој е во Париз веќе пет сезони.
Освен него, во таа група се и неколку играчи кои минатата сезона играа како позајмени во други клубови како голманот Кејлор Навас, Абду Диало, Жоржињо Вајналдум, Колин Дагба, Јулијан Дракслер и Левин Курзава.
ПСЖ нема да направи проблем при трансферите на Мауро Икарди, Тимоти Пембеле, Леандро Паредес и Ел Шадаил Бичиаби.
На оваа листа се најде и младиот Уго Ектитике, кој претходната сезона во клубот ја мина како позајмен од Рамс, но големо прашање е дали парижаните ќе го откупат неговиот договор сега кога Енрике е на клупата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси го кани Модриќ во Интер Мајами

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси.
Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами.
Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, со цел да биде подготвен за претстојниот Мундијал, кој ќе биде последен во неговата кариера, со оглед на тоа што следната година ќе наполни 40 години.
Интер Мајами сака да го ангажира Хрватот во пресрет на Светското клупско првенство кое годинава се игра во Америка. Доколку трансферот се случи, Модриќ ќе им се приклучи на поранешните големи ривали од Барселона, Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба.
Спорт
Хау повторно ќе го води Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.
Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.
Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.
Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.
На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.
Спорт
(Видео) Анчелоти збесна по потегот на Ендик: Ова не е циркуз

Реал Мадрид оствари важна победа од 1:0 на гостински терен над Хетафе во 33. коло од Ла Лига и остана во шампионската трка со Барселона.
На пет рунди до крајот актуелниот шампион заостанува четири бода, а во следното коло следува директен дуел со Барселона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Арда Гулер во 21. минута.
Сепак, вниманието од турскиот репрезентативец го оттргна неговиот соиграч Ендрик (18), кој минатото лето пристигна од Палмеирас за 47,5 милиони евра.
Во 56. минута кога се најде сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, наместо да шутира, се обиде со лоб удар, но лошо го изведе и практично му ја додаде топката на голманот. Тренерот Карло Анчелоти беше видно лут и брзо го извади од игра.
На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти ја коментираше ситуацијата:
„Ендрик не треба да прави такви работи. Тој е млад и треба да учи, но тоа не постои во фудбалот. Кога ќе се најдете сами пред голманот, треба да шутирате што посилно. Ова не е циркуски клуб“.
ENDRICK WHAT ARE YOU DOING? WHY SHOOT LIKE THAT? pic.twitter.com/c7ixDQ6tXV
— @thedesigner (@heyJudemeow) April 23, 2025