Македонија
АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни во сезоната на жетва
АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва нда бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далновидите од преносната мрежа.
Од АД МЕПСО велат дека е важно земјоделците да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под спроводниците и да не поставуваат цевководни системи за наводнување под спроводните јажиња во далноводните траси.
„Не кревајте ги во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под спроводните јажиња на далноводите бидејќи металот е спроводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик. Не поставувајте ги прскалките за наводнување под спроводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водниот млаз со спроводните јажиња може да биде кобен за животот на лицата што се наоѓаат под трасата на далноводот“, велат од компанијата.
Апелираат земјоделците да не палат стрништа во близина на далновод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем, a спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далноводи и граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далноводите под јажињата за пренос на електрична енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.
Македонија
„10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС, граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДС изгуби 6. Соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДС по првиот круг е 10 спрема 1. Граѓаните направија вистински избор, избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност.
Во вториот круг на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ е асполутен фаворит во сите 26 општини. Затоа, ги повикуваме граѓаните, во вториот круг да го дадат својот глас на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и масовно да го заокружат бројот 9.
Да ја запечатиме победата и да го направиме вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.

