Регион
(Видео) Во Србија објавена листа на ботови на Вучиќ, на списокот има над 14 илјади профили
Србија ја тресе нова афера откога на интернет се појави интерен список со повеќе од 14.000 бота на Српската напредна партија (СНС) на социјалните мрежи, објави „Н1 Србија“. Бот е лажен, понекогаш програмиран профил на социјалните мрежи, кој има цел да се претстави како профил на вистинска личност.
Списокот што излезе во Србија ги содржи имињата и презимињата на луѓето што стојат зад тие лажни профили, како и местата од кои доаѓаат.
Судејќи по тој список, чија веродостојност сè уште не е потврдена, во тие активности се вклучени и вработени во јавниот сектор од сите делови на Србија. Никој од членовите на СНС не ги потврди, ниту ги демантира информациите што стигнаа во јавноста.
Извесен Марко Јовановиќ од „Твитер“ го интересира само политика. Лице со исто име со цело срце ги поддржува владата и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и ја омаловажува опозицијата. Заедничко им е и тоа што и двајцата се алтер ега на Јанко Лангура.
Тоа име се наоѓа на списокот со над 14.000 бот-сметки од цела Србија, меѓу кои граѓаните ги препознавале своите соседи – наставници, вработени во јавната администрација, раководители на градски служби итн.
„Постојат разни категории на тие луѓе, таканаречени хејтери, кои зборуваа против опозицијата, дури и против Србија, за да ги испровоцираат другите на социјалните мрежи, оние што споделуваат разни профили на Српската напредна странка. Имате и највисоки координатори од сето ова, кои беа дури и со име и презиме“, изјави експертот за медиуми и комуникации, Игор Авжнер за N1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

