Контакт

Спорт

Вимблдон зад сцената: за Новак, новинарите, омразата и за вештачката интелигенција

Објавено пред

Кога е во прашање спортското новинарство, постои непишано правило дека за новинарите најатрактивен настан за известување е светското првенство во фудбал, најзахтевни се олимписките игри, а најпрестижен е тенискиот турнир во Вимблдон. Така е барем во спортските редакции во Велика Британија. Фудбалот е за плебсот, а тенисот за аристократијата, ми зборуваше на мојот прв Вимблдон во 2019., еден лондонски колега.

dobivaj vesti na viber

Поради таа своја ексклузивност, само глобалните корпоративни медиумски куќи можат да си дозволат да имаат вработени новинари-специјалисти за тенис, кои професионално други спортови не следат. Затоа и важат за сива еминенција на секој тениски турнир и се респектирани не само од останатите колеги, туку и меѓу самите тенисери.

Кои се главните новинарски звезди може да се види и на овогодинешните вимблдонски прес конференции, кога модераторката приоритетно им дава за право први да поставуваат прашање на тенисерите. Истите се привилегирани и кога треба да побараат дозвола од медија центарот за еден на еден интервју со некој од топ тенисерите. Секако, „тиха чежња“ за повеќето акредитирани новинари за таков разговор е Новак Ѓоковиќ, чиј ПР тим, согласно неговата спортска големина, го прави недостапен за обичните „новинари-смртници“, но и секогаш на „изволте“, кога се во прашање тениските новинарски старови. Тие се исклучиво од Америка, Австралија, Канада и, нормално, Велика Британија.

На наше, локално ниво, единствени кои колку-толку можат да си приуштат новинари кои ќе се профилираат како експерти за тенисот, се редакциите од Србија. Разбирливо од кои причини. Нив секогаш и најмногу ги има на гренд слем турнирите, а овде во Вимблдон се десет на број, како себеси на шега се нарекуваат „Сербиан мафиа“. Повеќето се млади момци, некаде до триесеттата години од животот, но со по неколку гренд слем искуства зад себе, добро подготвени, полни со информации и темелни во прашањата кога прават интервјуа со тенисерите. Работат како мравки од утро до мрак, полнејќи ги своите портали со најразлични текстови и занимливости од светот на тенисот. Но, верувам дека и на нив им е јасно, дека ова е индуцирана состојба на еуфорија во српскиот журнализам, која ќе згасне истиот миг кога Новак Ѓоковиќ ќе реши да се пензионира.

Новинарство од омраза

Има и друг вид на глобално познати „елитни“ новинарски имиња, т.н. анти звезди, кои својата популарност и читаност ја градат преку неаргументирана критика и кампања против некој тенисер (читај: Новак Ѓоковиќ). Најпознат меѓу нив е американскиот новинар, Ерик Хејн, кој пишува за тенис на веб-страницата „thedrawtennis.com“, и кој себеси се нарекува литературен агент, уредник и писател. Бројни звања и професии, но во светот на тенисот е познат само по едно: тоа што константно шири медиумска омраза кон Новак Ѓоковиќ. Тој тоа и не го крие, а својот еготрип континуирано го храни со контроверзни ставови и твитови. Еден од порепрезентативните коментари му е дека е смешно кога Ѓоковиќ се обидува да ги мотивира луѓето да го сакаат. „Не душо, сите те мразиме!“, гласел твитот на Хејн, на кој уследиле стотици реакции со неодобрување. Парадоксално, Ѓоковиќ во исто време е и најпосакуваниот соговорник за тениските новинари, но и најомразениот за некои од нив.

Сосема спротивно во однос на едно минато време, како она во 1985 година, кога тогашната легенда на тениското новинарство на лондонски Тајмс, Рекс Белами, по сензационалната победа на Вимблдон на Слободан Живојиновиќ над трето пласираниот Мац Виландер, напишал: „Да ми кажал некој дека тенисер со вакво име и презиме ќе осамне на насловната страна на Тајмс, не би му верувал. И, би згрешил“. Да, тоа е некое друго време, кога англиските новинари го сакале српскиот тенисер, а принцезата Дајана мечтаела да остане на само со него.

Среќата на Бобо, да биде посакуван меѓу тениските новинари, денес ја нема неговиот сонародник Ноле, иако заедничко им е што и Новак има презиме кое не е ништо помалку рогобатно за пишување и читање за оние на кои англискиот јазик им е мајчин. Жално е што неговите вонвременски успеси, денес не се критериум за со почит да се пишува неговото име во делот од светот кој сè уште верува дека тенисот ѝ припаѓа само на аристократијата. И така ќе остане, веројатно, до крај на неговата тениска кариера.

Во таа медиумска нетрпеливост на Островот кон српскиот ас, предначи лондонскиот весник Гардијан, најчесто преку перото на својот новинар Барни Рони, кој не се воздржувал да напише и дека Ѓоковиќ е глупав. Пословичната омраза кон Србија и Србите како политички ентитети, која уште од деведесеттите ја негува овој дневен весник, само ја продолжи последниве години со фиксација кон Новак, како тениски еnfant terrible. Иако Гардијан ретко веќе некој да го смета за сериозен весник, а на Флит Стрит ќе ви речат дека тоа и не е весник туку Службен гласник на МИ 5, сепак, поради миналата репутација, сè уште е влијателен врз јавното мислење, односно сè уште е доволно моќен за да направи штета, па и ако се работи за најдобриот тенисер на сите времиња. А, тоа секоја година се потврдува и преку односот на вимблдонската публика кон седумкратниот шампион.

Неговото величество Интернетот

Ако ја апстрахираме оваа арогантност и омраза на новинарите кон Ѓоковиќ, како инцидентен момент во историјата на тенисот, на што ќе се темели силата на седмата сила во тенисот во иднина? Трендот, или новата реалност, познатa како онлајн новинарство, можеби успеала да го достигне исконскиот идеал на журанализмот – да се известува во реално време, за било кој настан, од било кое место во светот, но цената за таа брзина е платена со нешто друго. Брзината му ја има одземено душата на новинарството, која читателите со децении ја препознавале во убавиот напишан збор, внесената емоција и страст, кои авторот ги употребувал со цел читателот поверодостојно да ја преживее драмата на неговиот тениски јунак.

Да се има сила без душа тоа е тиранија. Гледајќи го примерот со Ѓоковиќ, имаме ли веќе тиранија на бездушно новинарство и дали таквото новинарство успеа да го уништи сонот на писателот, но пред сè новинарот, Џорџ Орвел, дека она што најмногу сакал да го постигне е да го направи политичкото пишување во уметност. Иако Орвел зборувал за новинарство кое пишувало политички теми, неговата изјава е применлива и за било која друга општествена сфера, вклучително и спортот и тенисот.

Уметноста во новинарското пишување сè повеќе потклекнува пред неинвентивните и шаблонско напишани текстови, полни со сувопарни бројки, статистички податоци, небитни куриозитети, кои се претставуваат како суштински важни за исходот на еден тениски натпревар. Ангажираниот став на новинарот се огледа во неговата пристрасност или омраза кон одреден тенисер.

Денешниот тениски новинар го има пред себе и неговото величество Интернетот, кој со тоа што му сервира најразлични податоци, му создава на новинарот привидно чувство на супериорност и авторитет, кои се темелат на знаење фактографија која е нерелевантна. Редок е оној читател или гледач на кого може да му биде важен податокот за некој тенисер кој губи два нула во сетови, колку пати во кариерата успеал да направи пресврт и победи со 3-2 и дали таквиот податок претставува интенција да се сугерира можна аналогија дека и во актуелниот меч има шанси тоа да го повтори? Или колку сетови во кариерата добил или загубил во тај брејк, односно колку ги добил со победнички отсервиран ас. Сè се тоа безвредни статистички податоци кои денес ѝ се пласираат на тениската публика.

Од традиционално до онлајн новинарство

Црното сценарио кое му се предвидува/претстои на новинарството, дека вештачката интелигенција ќе го замени живиот репортер, како да е веќе почнато да се одигрува. Со новиот тренд на онлајн новинарство, новинарите несвесно се навлезени во процесот на сопствена трансхуманизација, во која тие претставуваат само интерфејс помеѓу она што го праќа технологијата и прима публиката. Затоа и онлајн извештаите од Вимблдон се стерилни и унисони, еден ако прочитате, како сите останати да сте ги прочитале. Каде е тука автентичниот новинарски стил, човечкиот белег, уметноста и поетиката во пишаната реч, збогатена со орнаменти, често на трагот на книжевниот стил?

Во медиа ложата на вимблдонските терени, доминантно се присутни млади новинари, кои со лап топ пред себе, вршат пишуван директен пренос(?!). Го опишуваат секој геим и секој момент што се случил на теренот. На кого тоа му е важно, го чита и следи ли некој таквиот текст, кој бара постојано освежување на интернет страницата? Каков е психолошкиот профил на современиот конзумент на вести, припадник на милениумците, зет и алфа генерациите, кој гледа во екран на мобилен или компјутер и наоѓа за занимливо да прочита дека во 32-та минута од вториот сет, во четвртиот геим, при резултат 30-30 била направена дупла сервис грешка?!

Јасно е дека новинарството е во одминат процес на трансформација од традиционално во онлајн, при што медиумите, оптеретени од императивот брзо, кратко и вистинито, го губат своето човечко лице, а со тоа и му ускратуваат на читателот преку убава новинарска сторија да ја почувствува убавината на тениската игра и големината на човечката драма која се одвива на теренот.

Стариот ков на новинар, кој во текот на мечот со молив фаќа само битни прибелешки во тефтерче, а потоа со свој јазик, богат речник и развиена имагинација, често со употреба на долги реченици и користење барокнен начин на пишување, го раскажува тенискиот натпревар како бајковита приказна, речиси да е исчезнат.

Секое време со свои обичаи

O tempora, o mores!, што би рекол Цицерон, или на наше, секое време си има свои обичаи. Оттука, не знам дали е во ред да им се забележува на спомнатите помлади колеги од Србија, за тоа што најголемиот дел од нив не слушнале за новинарскиот бард Мирослав Радојчиќ. Не слушнале за дописникот на белградска Политика од Лондон, кој во 1951., првпат почнал да известува од Вимблдон, па сè до 1987. година, кога го потпишан својот последен извештај од најстариот храм на белиот спорт.

Неговата големина се гледа и во тоа што тој почнал да пишува за тенисот и Вимблдон во време кога Србија и тогашна Југославија не само што немале тениски ас, туку и немале тениски клуб во кој рекреативно се играл тенис. Тој во целата своја новинарска кариера упорно – донкихотовски – пишувал за тенисот во земјата на кошарката, во која секој играл фудбал. Во својот прв извештај од Вимблдон во 1951., бласфемично раскажувал и за јагодите и шлагот, во време кога народот се хранел со труманови јајца.

Мирослав Радојчиќ е единствениот новинар кој во своите извештаи му се обраќал со Ти на Вимблдон. Го персонализирал (но, не и персирал) Вимблдон како живо битие, со кое се интимизирал, но и со кое се расправал, го фалел и критикувал како суров, но правичен, кој немал чувства за човечките судбини, кој уништувал кариери, соништа, амбиции.

„Од вчера, 67-ми Вимблдоне, ти ѝ припаѓаш на тениската историја. Ти си го имал најдраматичниот финиш кој било кога се одиграл на твоите терени. Ти си имал изненадувања какви порано никогаш не биле…“, пишувал Радојчиќ во својот завршен извештај од Вимблдон во 1952 година. Има ли денес некој друг новинар кој е на ти со Вимблдон?

Секогаш елегантно облечен во сако од твид и лептир машна, како вистински англиски денди, тој е и единствениот новинар од овие простори, но и пошироко, кој имал свое место на Централниот терен, но не во делот за новинари, туку во свечената ложа, онаму каде седеле Маргарет Тачер, Шон Конери и Клиф Ричард.

Дали таквиот Мирослав Радојчиќ би бил пожелен во денешното онлајн новинарство, дали би имал свои читатели и дали би имале смисла неговите долги извештаи, на граница на мали литерарни ремек-дела? Мислам дека посуштинско би било прашањето дали таквиот Миро денес би сакал да се занимава со новинарство, знаејќи дека силата на неговата професија лежи во перата (топузот) на ликови како Ерик Хејн и Барни Рони.

Во негово физичко отсуство, да ја искористиме вештачката интелигенција и ChatGPT за да „дознаеме“ што би напишал денес Мирослав Радојчиќ за неговиот сонародник, Новак Ѓоковиќ:

„Новак Ѓоковиќ е вистински џин.Тој не само што е најдобриот тенисер во светот, туку и симбол на силата, издржливоста и менталната издржливост. Мојата почит кон него е безгранична. Ѓоковиќ е вистински херој на Балканот. Неговата посветеност, врвен спортски дух и постигнувањата го прават иконски пример за младите генерации. Тој нè вдахнува со надеж и инспирира да се бориме за своите соништа“ – му порачува Радојчиќ на Ноле и на сите нас од (виртуелните) рајски градини.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Спорт

На инсистирање на Инзаги, Интер „заклучи“ важен играч

Објавено пред

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис договори продолжување на соработката со Интер.

dobivaj vesti na viber

Десниот бек, кој веќе три години настапува за актуелниот шампион на Италија, потпиша договор до јуни 2028 година.

Тренерот Симоне Инзаги инсистираше да остане во клубот.

Тој смета дека е исклучително важен за играта на тимот во двата правци и е еден од најсигурните играчи на „нероазура“ во системот 3-5-2 на десната бековска позиција.

Дамфрис дојде во Интер пред три години од ПСВ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Меси го носи својот човек на клупата на Интер

Објавено пред

Интер Мајами нема тренер по неодамнешното заминување на Џерард Мартин од клупата на американскиот МЛС-лигаш, а негов наследник ќе биде, изненадени сте, Аргентинец.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека ќе седне поранешниот репрезентативец на „гаучосите“, Хавиер Маскерано, кој нема тренерско искуство во сениорскиот фудбал, но има многу поважна препорака – тој е голем пријател со Лионел Меси, најголемата ѕвезда на клубот од Мајами.

40-годишниот Маскерано е селектор на селекцијата на Аргентина до 20 години од 2021 година, а оваа година ја предводеше олимписката селекција до четвртфиналето. Во таа фаза од натпреварувањето Франција ги совлада јужноамериканците со 1:0.

Поранешниот фудбалер на Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона, Хебеи и Естудијантес беше репрезентативец од 2003 до 2018 година, со која, меѓу другото, беше и двократен олимписки победник ( 2004 и 2008 година) и вицешампион на светот во 2014 година.

Дресот на Интер Мајами од поранешните фудбалери на Барселона го носат и Серхио Бускетс, Луис Суарез и Ѓорди Алба.

Интересно е што Маскерано ќе биде третиот аргентински тренер во кратката историја на клубот. Уругваецот Диего Алонсо ја имаше честа да биде првиот стратег на Интер во историјата и остана на Флорида од 2019 до 2021 година, потоа тимот го предводеа Фил Невил (20021-23), па Аргентинците Хавиер Моралес (привремено) и Херардо Мартино.

Интер Мајами беше прв во Источната конференција оваа сезона, но беше елиминиран веќе во првото коло од плеј-офот од Атланта.

Прикажи повеќе...

Спорт

Осуден Конор Мекгрегор

Објавено пред

Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше прогласен за одговорен за сексуален напад на жена во хотел во Даблин во 2018 година и ќе мора да плати отштета од 150.000 фунти.

dobivaj vesti na viber

Случајот, кој беше процесуиран пред граѓанскиот суд, се однесува на тврдењата на Никита Хенд дека Мекгрегор сексуално ја нападнал во пентхаусот на хотелот „Бикон“ во јужен Даблин во декември 2018 година. Мекгрегор за време на судењето тврдеше дека врската била консензуална.

Во тужбата се вклучи и Џејмс Лоренс, кој беше ослободен во оваа постапка.

Судењето траеше осум дена, при што беа изведувани докази, додека завршните зборови траеја три дена. Поротата, составена од осум жени, донесе пресуда во која Мекгрегор беше прогласен за одговорен.

На изрекувањето на пресудата во петокот, тој се појави во судницата придружуван од неговото семејство – партнерот Ди Девлин, родителите, сестрата и деверот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија5 часа

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија5 часа

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија5 часа

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија8 часа

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ9 часа

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија11 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија11 часа

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија12 часа

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет13 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа13 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет15 часа

Ким Џонг-ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ24 часа

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје1 ден

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ1 ден

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје1 ден

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија1 ден

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје1 ден

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...

Македонија1 ден

ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на „евродизелот“, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки

Постапката за јавна набавка на „евродизелот“ објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото...