Забава
Адвокатите на Анџелина Џоли тврдат дека Бред Пит се однесува како раздразливо дете
„Бред Пит го ограби француското лозје што го делеше со Анџелина Џоли“, стои во најновиот судски поднесок среде драмата на поранешниот пар.
Шато Миравал е лозје во Прованса, јужна Франција, што Пит го купи со тогашната сопруга Џоли за 28 милиони долари во 2008 година. Тие станаа сопственици на имотот, како и на неговиот ентитет за производство на вино.
Но, Пит сега е обвинет дека потрошил милиони долари на непотребни проекти – изградба на студио за снимање и реновирање на базенот, според тужбата поднесена од поранешната инвестициска компанија на Џоли, „Нувел“.

Во 2021 година Џоли го продаде својот удел во „Нувел“ на руски олигарх, а адвокатите тврдат дека тоа го влошило однесувањето на Пит во винарницата.
Како што пренесува „Фајненшл тајмс“ (ФТ), во судскиот документ е наведено дека Пит се однесувал како раздразливо дете и се впуштил во безобразно грабање пари. Адвокатите на Џоли остро го критикуваа актерот затоа што се претставувал себеси како винар. Очигледно се занимавал со илузии, а не со нечистотија и грозје“.
„Нувел“, поранешната компанија на Џоли, во тужбата наведува рече дека Пит „се ангажирал во сè побезобразни дејства за да ја задржи контролата врз винарницата и дека му го одзема имотот на производителот на виното „розе“.
Брендот „розе“, што Пит и Џоли го основаа со помош на винарот Марк Перин, генерира повеќе од 16 милиони долари профит во 2022 година, според ФТ.
„Откога парот се разведе во 2016 година, Пит осмисли досега успешен план да ја преземе де факто контролата врз Шато Миравал“, тврдат адвокатите на „Нувел“ во документот поднесен до судот во Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

