Забава
Бред Пит одамна предвидел дека Маргот Роби може да ја глуми Барби
Маргот Роби деновиве ги полни медиумските колумни благодарение на улогата во новиот филм „Барби“.
Интересно е тоа што Бред Пит пред многу години предвидел дека таа може да ја отелотвори најпознатата кукла на светот, а фановите открија старо видео, кое сега стана вирален хит.
Во едно интервју Бред ѝ вели на Маргот: „Ти си како Барби“. Маргот се чини малку навредена иако добива комплимент од холивудската ѕвезда. „Не, не“, одговора таа со изненаден израз на лицето.
А сега кога актерката е буквално „барбика“, видеото стана вирално.
„Ѝ ја предвиде иднината“, „Таа е родена да биде Барби“, „Докажа поента“, „Таа не е како Барби, таа е буквално Барби“, „Како може да се навреди ако Бред Пит ја опишува како Барби?“, „Секогаш е во право“, се само дел од коментарите на видеото.
Инаку, Маргот Роби, поради својата главна улога во филмот, буквално се трансформира во Барби на секое појавување во јавност. Откако актерката воодушеви на светската премиера на филмот со спектакуларна реплика на фустанот како што носи верзија на куклата од 1960 година, фановите забележаа многу сличности.
Маргот при секое појавување на промоциите на филмот во изминатите месеци се облекуваше во еден од препознатливите костими на „барбика“. Така таа стана олицетворение на најпопуларната кукла во светот. За целокупниот изглед е одговорен стилистот Ендрју Мукамел, кој работи со актерката од самиот почеток на промоцијата на филмот.
„Јас сум премногу изненадена и воодушевена од љубовта што фановите ја покажуваат за филмот пред тој да почне да се прикажува во кината во светот следната недела“, изјави таа за „Ројтерс“ на премиерата во Лос Анџелес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
По 33 години откриена голема грешка во серијата „Подобар живот“
Култната серија „Подобар живот“ е една од најгледаните серии во поранешна Југославија. Секојдневните настани на семејството Попадиќ од 1987 до 1991 година беа следени од милиони гледачи низ Србија и околните земји.
Серијата „Подобар живот“ за многумина беше најдобра „без грешка“, меѓутоа неодамна на интернет се појави информација дека има една голема грешка во серијата. Имено, Синиша Павиќ направил огромна грешка во серијата „Бољи живот“, тврдат на Фејсбук страницата „Дневна доза на просечен адвокат“, а грешката се однесува на наследниците кои се појавиле во тестаментот на сестрата на Џиџи.
„Кога сестрата на Џиџи оставила тестамент, во кој ги назначила децата на Џиџи (Виолета, Гуза и Слободан) за нејзини наследници на тестамент, поставувајќи им тешки услови, кои прво мора да ги исполнат за да бидат прогласени за наследници (Виолета да се омажи, Гуза да најде работа, Слободан да го заврши часот со многу добар резултат – што е суштинската фабула на серијата), не требаше да оди по патот на остварување на тие поставени услови, туку наследниците на тестамент едноставно не можеа да го прифатат наследството. Сè можеше да биде поинаку. Гига тогаш веднаш би го наследил целото наследство, како единствен законски наследник на неговата сестра. Па Попадиќи ќе ги земеше парите одма, ќе платија за споменикот на Мацола (и ќе ја исполнат нарачката) и ќе немаше серија воопшто. Тогаш се поставува прашањето зошто адвокатот Радујковиќ не тргнал во таа насока, наместо тоа Џиџи рече дека нема дупка во тестаментот“, се наведува на оваа Фејсбук страница.
Забава
Најагресивните раси на кучиња кои не се препорачуваат за неискусни сопственици
Секое куче може да биде агресивно, без разлика на расата. Порталот „Дог академи“ посочува некои од најагресивните раси кучиња и додава дека одредени раси на кучиња се посклони кон агресија за разлика од други. Во продолжение се расите на кучиња кои не се препорачуваат за неискусни љубители и сопственици кои немаат доволно време за обука, тренинг и за дружење со миленикот.
Чивава
Иако ова е мало, верно куче, одгледувачите многу добро знаат за неговата агресивност и проблеми со однесувањето. Чивавите може да бидат многу непријателски настроени кон туѓинци и кон други животни. Поради својата големина, не се сметаат за „најопасната“ раса, но доколку не се правилно одгледани и социјализирани, може да предизвикаат штета со каснувања.
Ротвајлер
Ова куче има вродена агресија поради што некои луѓе ги користат, пред сѐ, за борба со кучиња. Ова куче е заштитнички настроено и верно на својот сопственик, но има голем нагон за барање плен и затоа му треба добар тренинг. Сепак, ротвајлерот е интелигентно милениче и брзо учи, поради што не е проблем за сопствениците кои имаат искуство со агресивни раси.
Питбул-териер
Како силни, мускулести и кучиња со силна вилица, и питбул-териерите често се користат во уличните борби. Во погрешни раце, овие кучиња стануваат и сериозна опасност за околината, со доволно чести смртни исходи. Се препорачуваат само за искусни сопственици.
Неаполски мастиф
Овие кучиња станаа светски познати веројатно и поради кучето Фанг кое се појавува во серијалот „Хари Потер“. Иако големо и силно, ова куче е исклучително верно. Агресивно е кон туѓинци и кон секое лице или животно што го смета за закана. Тренингот и социјализацијата на мастифот треба да почнат кога сѐ уште е мало куче – за да се спречи агресивното однесување подоцна.
Чау-чау
Иако изгледаат како „плишани мечиња“, и овие кучиња се познати по својата недружељубива и агресивна природа. Тие обично може да се одгледуваат за лов и чување имот. За ова куче да ја потисне својата агресија, му треба постојана обука и строга контрола.
Аргентинска дога или мастиф
Бара строго воспитување, доследен тренинг и искусен сопственик за да се спречи секакво агресивно однесување. Не треба да се чува во домаќинства со други животни.
Германски овчар
Во погрешни раце, и овој домашен миленик може да биде опасен и агресивен, бидејќи е природен заштитник на својата територија, па така и на своето семејство. Поради неговата висока интелигенција и брзо учење, денес често се користи и како полициско-воено куче.
Германската армија почна со обука на службени кучиња за откривање на инфекција со коронавирусот.
Мексиканската армија оваа недела стана побогата за еден член – тримесечен германски овчар. Тој ќе биде дел од специјалната единица за наоѓање и помош на преживеани лица по земјотрес и други п
Јазовчар
Како и чивавата, и јазовчарот е мало куче склоно кон агресија. Поради нивната големина, тие често се чувствуваат загрозени и тоа обично резултира со ‘ржење, лаење и гризење заради заштита. Ним им треба тренинг и социјализација што почнува што е можно порано, поради потиснување на агресијата.
Далматинец
Познатите точкести кучиња се заштитен знак на противпожарните единици, но и тие важат за агресивни кучиња, што произлегува од нивната тврдоглавост и нагонот за бранење на својата територија. Покрај тоа, далматинецот има и висок нагон за плен, поради што може да нападне и дете. Со соодветни вежби и социјализација, и ова куче може да биде одлично семејно милениче.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.