Контакт

Македонија

(Видео) Тепачот на Пендиков се разболе и не дојде на судење, бара да му се врати и пасошот за да се лекува во странство

Објавено пред

Обвинетиот Илија Спасески се разболел, па поради неговото отсуство, се одложи рочиштето за Христијан Пендиков. Адвокатот Димитрија Цобoски, кој е бранител на Спасески, со медицинска документација го правдаше отсуството. Притоа побара да му се врати и патната исправа, која му е одземена поради опасност од бегство.

dobivaj vesti na viber

„Илија е дома, болен е. Со поведувањето на кривичната постапка како мерки на претпазливост, а заради обезбедување присуство на обвинетиот пред државните органи, односно судот и Обвинителството, приложена е патна исправа со цел обвинетиот да не може да ја напушта територијата на Македонија. Со оглед на ваквата дијагноза и нарушената здравствена состојба, а бидејќи воопшто се доведува во прашање компетенцијата на нашите медицински установи за лекување пациенти, ќе предложам привремено да му се врати патната исправа на обвинетиот Спасески за да може да побара и изврши прегледи во странство“, рече адвокатот Цобoски, бранител на Спасески.

Судијата цитира дел од извештајот, кој беше донесен како оправдување зошто обвинетиот не е во судница.

„Обвинетиот Илија Спасески, поради влошена здравствена состојба, болест, не може да присуствува на расправата за што во судот му предавам во оригинал извештај од специјалист, односно супспецијалист од 11.7.2023 година, каде што е констатирана дијагноза тромбофлебит на долните екстремитетите, со препорака од специјалистот мирување 15 дена и иницирано е боледување“, цитира судијата Бојан Мартиноски од извештајот на обвинетиот.

Двајцата сведоци беа во судница.

Ова е второ рочиште по ред што се одложува. На претходното адвокатите на обвинетиот го напуштија судењето и немаше услови за негово одржување.

Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.

„На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт.

Тепачката се случи на почетокот на јануари.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации

Објавено пред

Од

По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.

Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.

А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.

Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.

Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.

Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.

Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски

Објавено пред

Од

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.

dobivaj vesti na viber

„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.

Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.

Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.

Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица

Објавено пред

Од

Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.

Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.

Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Зеленски: Преговорите со Америка не се лесни

Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Свет1 час

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

Во познатиот музеј Лувр во Париз, се случи протекување на вода, а неколку стотици предмети од египетскиот дел беа оштетени....

Свет1 час

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија2 часа

Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица

Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица. Според информациите на...

Македонија2 часа

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се...

Македонија22 часа

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија23 часа

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата на Мицкоски...

Топ1 ден

Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични...

Свет1 ден

(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук. Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30...

Свет1 ден

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во...

Свет2 дена

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија2 дена

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија2 дена

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија2 дена

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија2 дена

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија3 дена

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...

Македонија3 дена

Британски медиуми објавија дека се преговара со Македонија за отворање центар за мигранти, СДСМ ја повика Владата да ја објави содржината на разговорите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика Владата веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори...