Македонија
(Видео) Ковачевски на третиот состанок на Северноатлантскиот совет: Недвосмислената поддршка за Украина продолжува
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска во Вилнус на вториот ден од Самитот на НАТО учествува на третата сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржува на ниво на шефови на држави и влади и земјите партнери на НАТО. Во владината делегација што ја предводи премиерот Ковачевски се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
На третата сесија земаа учество 31 земјa членки на НАТО и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
На третата сесија НАТО Сојузниците одлучија да продолжат со недвосмислена и силна поддршка за Украина и правото на самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. НАТО веќе има донесено одлука во 2008 година дека Украина треба да стане полноправна членка. На овој Самит се формираше Советот НАТО – Украина и се усвои надградениот пакет за долгорочна поддршка за Украина, за поддршка на реформите и трансформација на нивните воени сили согласно НАТО стандардите.
Дополнително, беше објавена и заедничка декларација на Г7 со Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

