Спорт
Фулам ја одби понудата за Митровиќ
Александар Митровиќ ја прифати понудата да се пресели во Ал Хилал, но неговиот клуб Фулам ја одби понудата за трансфер.
Српскиот репрезентативец, изрази желба да го напушти Фулам три години пред истекот на договорот и да се пресели во Ријад. Ал Хилал испрати понуда до Митровиќ откако не успеа во намерата да го нагажира Ромелу Лукаку.
Фулам од Ал Хилал одби понуда од 25.500.000 фунти (30.000.000 милиони евра).
Британците не ја исклучуваат можноста Митровиќ до крјот на преодниот рок да се пресели во Саудиска Арабија, бидејќи како што пишува „Скај спорт“, Фулам во ниту еден момент не навле дека Митровиќ не е на продажба.
Според овој извор, Фулам е подготвен да ги продолжи преговорите, со цел да извлече што е можно повеќе пари од трансферот на Митровиќ.
Единствениот мотив на Митровиќ за преселба во саудискиот клуб се парите. Во следната сезона според договорот треба да заработи 4.100.000 фунти (4.700.000 евра). Не е познато колкава плата му нуди Ал Хилал, но се претпоставува дека не е помала од 20.000.000 евра, колку што му било понудено на Лукаку.
Доколку овој трансфер биде реализиран, тогаш Митровиќ во Ал Хила ќе игра заедно со соиграчот од репрезентацијата Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Исто така тој би бил третиот играч од Премиер лигата кој во текот на летото се преселил во Ал Хилал по Рубен Невеш и Калиду Кулибали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.
Спорт
(Видео) Ирска во 96-та минута и го одзеде баражот на Унгарија, Португалија со девет гола го поврди местото на Мундијалот
Ирска, во нереален расплет во Ф групата, победи в Будимпешта со 3:2 и обезбеди место во плејофот за Светското првенство. Оваа група ја освои Португалија.
Нерешен резултат им беше доволен на Унгарците за да играа бараж за настап на Мундијалот наредното лето. Така не мислеше Трој Парот, човекот кој пред три дена со два гола им пресуди на Португалците во Даблин.
Парот стана херој на нацијата, откако со хет-трик и донесе победа на Ирска во Бдимпешта (3:2).
Првиот го постигна од пенал во 15-та минута, кога го поништи голот на Лукач во четврттата минута, вториот во 80-таа минута кога изедначи на 2:2, откако Варга во 37-та постигна спектакуларен гол за 2:1 и третиот во шестата минута од судиското надополнување на времето.
TROY PARROT AT THE DEATH FOR IRELAND!!!!!!!!pic.twitter.com/uki1KUD8ln
— Football Xtra™ (@FootballXtra0) November 16, 2025
Патем, прва во групата Ф е селекцијата на Португалија, која стигна до директен пласман на завршниот турнир. Португалија ќе игра на Светското првенство по деветти пат во историјата, а седми пат по ред.
Во последниот натпревар од квалификациската група Ф, актуелните шампиони на Лигата на нации ја декласираа Ерменија во Порто на стадионот „Драгао“ со 9:1. Доколку Кристијано Роналдо се најде на списокот на играчи за Светското првенство следната година, тоа ќе биде негов шести настап на најголемото фудбалско шоу на планетата.
Најголемиот успех на Португалија беше третото место во 1966 година, додека на Светското првенство во Германија во 2006 година, беа четврти.
Во Порто по три гола во победата постигнаа Жоао Невеш и Бруно Фернандеш, а еднаш прецизни беа Веига, Рамош и Консеисао.
Спорт
Пињето Братен прв бразилски победник во Светскиот куп
Спектакл донесе првиот слалом во новата сезона, одржан во Леви, Финска.
Победа во Леви му припадна на Лукас Пињеиро Братен. Победи со вкупно време 1:50,72, со што му го донесе на Бразил првиот триумф во скијање во историјата.
Еден од најдобрите слалом скијачи на денешницата, Клемент Ноел, стигна до второто место со време од 1,51:03.
Сепак, вистинкс асензација приреди домашниот репрезентативец, Едуард Халберг. Беше 29-ти на стартот, на крајот ја заврши трката на третото место и стигна до првиот подиум во кариерата.
За Финците, ова е прв подиум во слаломска трка по повеќе од една деценија и легендарниот Кале Паландер.
Халберг заврши 57 стотинки зад победникот по две возења.
Британецот Лори Тејлор исто така имаше своја приказна, со стартен број 32, тој денес стигна до четвртото место и со тоа ја комплетираше лудата претстава во Леви.
Foto/ EPA

