Спорт
Од октомври ново клупско натпреварување во Африка
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино најави дека на 20 октомври ќе стартува новата Африканска фудбалска лига во која ќе се натпреваруваат осум екипи.
Според првичниот предлог, во новото натпреварување требаше да учествуваат 24 екипи.
„Засега ќе имаат осум клуба, во иднина бројот ќе се зголеми. Мораме да инвестираме во африканскиот фудбал, но и во националниот фудбал. Ова е наша должност, тоа е наша обврска и задача и ако продолжиме сите заедно да работиме како тим, ќе успееме“, изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Малку се знае за натпреварувањето, кое ќе започне за три месеци, Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) допрва треба да ги потврди тимовите-учеснички.
Не се познати детали за продажбата на ТВ правата, но не се познати ниту детали за наградниот фонд. КАФ вети дека наградниот фонд ќе изесува 100 милиони долари, од кои 11,5 милиони ќе му припаднат на победникот.
се шпекулира дека учесници ќе бидат: јужноафриканскиот шампион Мамедлоди Сандаунс, Петро Атлетико од Ангола, Мазембе од Демократска Република Конго, Ал Ахли од Египет, Хороја од Гвинеја, Видад Казабланка од Мароко, Симба од Танзанија и Есперанс од Тунис.
Она што е познато е дека натпреварувањето нема да ја замени африканската Лига на шампиони, туку ќе се одржува паралелно со неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.
Спорт
(Видео) Ирска во 96-та минута и го одзеде баражот на Унгарија, Португалија со девет гола го поврди местото на Мундијалот
Ирска, во нереален расплет во Ф групата, победи в Будимпешта со 3:2 и обезбеди место во плејофот за Светското првенство. Оваа група ја освои Португалија.
Нерешен резултат им беше доволен на Унгарците за да играа бараж за настап на Мундијалот наредното лето. Така не мислеше Трој Парот, човекот кој пред три дена со два гола им пресуди на Португалците во Даблин.
Парот стана херој на нацијата, откако со хет-трик и донесе победа на Ирска во Бдимпешта (3:2).
Првиот го постигна од пенал во 15-та минута, кога го поништи голот на Лукач во четврттата минута, вториот во 80-таа минута кога изедначи на 2:2, откако Варга во 37-та постигна спектакуларен гол за 2:1 и третиот во шестата минута од судиското надополнување на времето.
TROY PARROT AT THE DEATH FOR IRELAND!!!!!!!!pic.twitter.com/uki1KUD8ln
— Football Xtra™ (@FootballXtra0) November 16, 2025
Патем, прва во групата Ф е селекцијата на Португалија, која стигна до директен пласман на завршниот турнир. Португалија ќе игра на Светското првенство по деветти пат во историјата, а седми пат по ред.
Во последниот натпревар од квалификациската група Ф, актуелните шампиони на Лигата на нации ја декласираа Ерменија во Порто на стадионот „Драгао“ со 9:1. Доколку Кристијано Роналдо се најде на списокот на играчи за Светското првенство следната година, тоа ќе биде негов шести настап на најголемото фудбалско шоу на планетата.
Најголемиот успех на Португалија беше третото место во 1966 година, додека на Светското првенство во Германија во 2006 година, беа четврти.
Во Порто по три гола во победата постигнаа Жоао Невеш и Бруно Фернандеш, а еднаш прецизни беа Веига, Рамош и Консеисао.
Спорт
Пињето Братен прв бразилски победник во Светскиот куп
Спектакл донесе првиот слалом во новата сезона, одржан во Леви, Финска.
Победа во Леви му припадна на Лукас Пињеиро Братен. Победи со вкупно време 1:50,72, со што му го донесе на Бразил првиот триумф во скијање во историјата.
Еден од најдобрите слалом скијачи на денешницата, Клемент Ноел, стигна до второто место со време од 1,51:03.
Сепак, вистинкс асензација приреди домашниот репрезентативец, Едуард Халберг. Беше 29-ти на стартот, на крајот ја заврши трката на третото место и стигна до првиот подиум во кариерата.
За Финците, ова е прв подиум во слаломска трка по повеќе од една деценија и легендарниот Кале Паландер.
Халберг заврши 57 стотинки зад победникот по две возења.
Британецот Лори Тејлор исто така имаше своја приказна, со стартен број 32, тој денес стигна до четвртото место и со тоа ја комплетираше лудата претстава во Леви.
Foto/ EPA

