Македонија
Данела ги пушти пионите да лажат, вели Костовски по обвинувањата дека стои зад бунтот во „Комунална“
Изгубениот случај Данела ги пушти несвесните пиони да шират лажни вести, реагира градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
На неговата реакција претходеше обраќањето на советничката Ирена Витина која рече дека веќе поранешниот претседател на синдикатот во Комунална, Дердишта и градоначалникот на Бутел, Костовски плански го блокирале Јавното претпријатие за да глумат спасители. Во прилог таа достави и фотографија од средба на која на иста маса седат Костовски и Дердишта, опишувајќи дека тогаш се договарал бунтот во претпријатието, по доделените откази.
Костовски вели дека некој се обидува да шири лаги од неговите редовни средби со граѓаните на Бутел.
„Гледам дека некои изгубени случаи, платени за тоа, со дебели хонорари се обиднуваат да инсинуираат, подметнуваат и да шират лаги од редовни мои средби со граѓани на Бутел. Нема да зборувам за мотивите на таквите лаги дека наводно јас, а претходно претседателот Мицкоски седел позади некое чаирско семејство вработено пред 15тина години во Комунална хигиена, нема да зборувам ниту за нивото на лаги присутно на оваа седница на советот на град Скопје, само ќе кажам доста демагогија, од градоначалничката побегуља, излезете и соберете си го ѓубрето, работете си ја работата“, порача Костовски.
Додаде дека тој секогаш ќе биде со бутелчани, заедно со народот и во секоја нивна мака и барање. Ниту една конструкција, вели Костовски, нема да го занемари фактот дека Данела ќе остане убедливо најлошиот градоначалник на Скопје, дури многу полоша и од Шилегов што е просто неверојатно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

