Контакт

Свет

Повеќе од сто милиони луѓе изложени на ризик поради екстремните горештини во светот

Објавено пред

Летото само што почна на северната хемисфера, но силниот топлотен бран веќе зафати делови од Европа, Кина и Соединетите Американски Држави, каде што викендов се очекуваат рекордно високи температури, што може да послужи како илустрација за опасностите од глобалното затоплување.

dobivaj vesti na viber

Американскиот метеоролошки институт издаде предупредувања за екстремна топлина за повеќе од 100 милиони граѓани, а особено опасни услови се предвидуваат во сојузните држави Аризона, Калифорнија, Невада и Тексас.

Неколку европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Хрватска, Грција, Италија, Шпанија и Полска, истовремено се соочуваат со високи температури.

Тие би можеле да достигнат 48 Целзиусови степени на островите Сицилија и Сардинија, објави Европската вселенска агенција, кои се „потенцијално најжешките температури некогаш забележани во Европа“.

Во Северна Африка е исто така жешко и спарно, а Мароканската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за екстремни горештини во јужните делови на земјата.

Некои кинески провинции, вклучително и главниот град Пекинг, исто така се соочуваат со топлотни бранови, а најголемата кинеска енергетска компанија соопшти дека нејзиното производство на електрична енергија достигна рекордно високо ниво за еден ден.

Минатиот месец веќе беше најтоплиот јуни досега, според американската вселенска агенција НАСА и програмата за климатски промени „Коперник“, управувана од Европската Унија.

Екстремните временски услови, кои произлегуваат од сè потоплата клима, „за жал стануваат нова норма“, предупредува Петри Таалас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).

Екстремните горештини се еден од најсмртоносните метеоролошки настани, според СМО. Една неодамнешна студија проценува дека над 61.000 луѓе починале од топлотен удар за време на рекордното топло лето во Европа минатата година.

Фактор што може да придонесе за високите температури оваа година е климатскиот феномен познат како Ел Нино.

Ел Нино, кој се јавува на секои две до седум години и е обележан со повисоки од просечните температури на површината на морето во централниот и источниот дел на Пацификот во близина на екваторот, трае приближно 9-12 месеци.

Северна Америка веќе се соочи со серија екстремни временски настани ова лето, со чад од шумски пожари, кои продолжуваат да горат надвор од контрола во Канада предизвикувајќи извонредно загадување на воздухот во поголемиот дел од САД.

Североисточниот дел на САД, а особено сојузната држава Вермонт, исто така неодамна беше погоден од обилни дождови, кои предизвикаа разорни поплави.

Според климатолозите, глобалното затоплување може да доведе до пообилни и почести врнежи.

Граѓаните во поголемиот дел од американскиот југ со недели се справуваат со високите температури.

Даниел Свејн, климатски научник од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, рече дека температурите во Долината на смртта би можеле да го достигнат или да го соборат рекордот за највисока температура на воздухот измерена досега на Земјата.

Официјалниот рекорд на WMO е 56,7 Целзиусови степени и е забележан во 1913 година во Долината на смртта, пустина во јужна Калифорнија.

Во Мексикали, град со повеќе од милион жители во северниот дел на Мексико, температурите се искачија на 50 Целзиусови степени оваа недела принудувајќи многу жители да останат дома, а волонтерите и властите се обидуваа да им помогнат на оние што не можеа.

Смртоносниот топлотен бран ги зголеми температурите во Мексико во јуни, но додека последните недели донесе олеснување во повеќе јужни региони, северните држави навикнати на топлина се зафатени од натпросечни температури.

Топлотните бранови обично го погодуваат Мексико во април и мај, според податоците на Националниот универзитет во Мексико УНАМ. Според експертите, топлотниот бран годинава е посилен поради сушата.

Од високите температури не се поштедени ниту океаните.

Температурите на водата во близина на јужниот брег на Флорида надминаа 32 Целзиусови степена, според Агенцијата за океани и атмосфера.

Што се однесува до Средоземното Море, температурите на површината ќе бидат „исклучително високи“ во текот на следните недели, објави WMO, а во некои делови би можеле да надминат 30 Целзиусови степени, што е неколку степени над просекот.

Зголемувањето на температурите на океаните може да има катастрофални последици за морските животни во однос на нивниот опстанок, а може негативно да влијае и на рибарската индустрија.

На другиот крај на планетата, температурата на морскиот мраз на Антарктикот падна на рекордно ниско ниво во јуни.

Светот се загреал во просек за 1,2 Целзиусов степен од средината на 19 век, што довело до поинтензивни топлотни бранови, поголеми суши во некои области и посилни бури поради зголемувањето на нивото на морето.

Сегашниот топлотен бран „ја нагласува зголемената итност да се намалат емисиите на стакленички гасови што е можно побргу и колку што е можно повеќе“.

Свет

(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти

Објавено пред

Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.

Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.

Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек

Објавено пред

САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.

Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.

Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.

Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.

Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија

Објавено пред

Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.

dobivaj vesti na viber

На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.

Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.

Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.

Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија9 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија11 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија12 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија13 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ13 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија14 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија14 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет17 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа17 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет18 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа19 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа19 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија20 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет20 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија1 ден

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија1 ден

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија1 ден

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија2 дена

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...